„Деветката“ на Вардар со поддршка ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА

  • March 16, 2017

Еден од најдобрите македонски фудбалери, напаѓач на Вардар и повремен македонски репрезентативец, Дејан Блажевски даде поддршка за граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА.

-Да ја чуваме Македонија, порача Блажевски преку неговиот Фејсбук профил.

Блажевски е еден од најдобрите фудбалери во македонското првенство и стандарден првотимец на Вардар. Пред да го облече дресот на македонскиот шампион настапуваше за Турново и неколку други странски клубови.

ddd

Исто така, настапуваше и за македонската фудбалска репрезентација, пред повредата која го оддалечи од фудбалските терени подолг период.

Претходно «
Следно »