ДЕВОЈЧЕ ОД СИРИЈА МУ ИСПРАТИ ПИСМО НА ТРАМП:Еве што напиша

  • January 25, 2017

Бана Алабед, седумгодишната блогерка од Алепо што стана позната во целиот свет по твитовите од опсадениот град му напиша отворено писмо на американскиот претседател Доналд Трамп.

uzn_1459172705-88445

„Морате да направите нешто за децата на Сирија затоа што тие се како вашите деца и заслужуваат мир како вие“. Бана побегна од Алепо заедно со семејството за време на масовната евакуација во декември и сега живее во Турција. Во писмото напишано неколку дена пред инаугурацијата на Трамп, кого го знае од телевизија, пишува:

„Драг Доналд Трамп, јас сум Бана Алабед, седумгодишно сириско девојче од Алепо. Живеев во Сирија цел живот пред да заминам од опколеното источно Алепо во декември минатата година. Јас сум дел од сириските деца кои страдаа во сириската војна. Сега живеам во мир во новиот дом во Турција“, напиша малата Алабед во писмото.

Бана му раскажува на Трамп како не можела да оди на училиште бидејќи било бомбардирано и загинале нејзините другари и повикува децата веќе да не страдаат поради грешките на возрасните.

„Знам дека ќе бидете претседател на Америка, па ве молам да ги спасите децата и луѓето во Сирија. Мора да сторите нешто за децата во Сирија бидејќи тие се како вашите деца и заслужуваат мир како вас. Ако ми ветите дека ќе направите нешто за сириските деца, јас веќе сум вашето ново другарче“, пишува таа.

Турција, каде што сега живеат Бана и нејзиното семејство ја поддржува сириската опозиција. Трамп се уште не го кажал својот став, но во минатото нагласуваше дека сака посилна врска со Русија и рускиот претседател Владимир Путин, кој го поддржува сирискиот претседател Башар ал Асад.

Претходно «
Следно »