August 15, 2020, 5:16 am

ДЕЛЕВ:Само семејните бизниси на Заеви и Анѓушеви цветаат и тоа со сесрдна помош на институциите под нивна контрола

Поврзано

Костовски: Спpeчeнa е продажбата на банката, некому му се брзаше

Ние сами ќе ја спасевме банката, но на некому му се брзаше. Зошто, како, при неформирана Влада, при пaндемија,...

Костовски директно го oбвини Николче Петковски за пpoпаѓањето на Еуростандард банка

Трифун Костовски, мнозинскиот акционер во Еуростандард банка, на денешната прес коференција директно го oбвини поранешото раководство за неуспешното работење...

Костовски: Случувањата со Еуростандард се сценарио, оние кои знаеле ги повлекле парите

Најголемиот акционер во „Еуростандард Банка“, Трифун Костовски денеска на прес конференција посочи дека сценариото се спремало, а тие кои...
- Advertisement -

Деновиве сме сведоци на едно огромно лицемерие кое говори за криминогеноста и расипаноста на СДС и нејзината врхушка. Фирмата ЕДС на вицепремиерот тендераш, Кочо Анѓушев, поради наводна коректност се повлекува од бизнис зделката со АД МЕПСО и испораката на струја, вели Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Но она што всушност се крие зад ваквата одлука, не е политичката коректност или голема великодушност, туку напротив, желбата на Анѓушев да заштеди 233 илјади евра сопствени пари. Имено, во ноември, неговата компанија ЕДС се обврзала да ја снабдува државната МЕПСО со струја, чија вредност тогаш изнесувала 39,65 евра за мегават час. Сега таа изнесува речиси двојно повеќе, односно 60,14 евра за мегават час, поради што Анѓушев не сакајќи да намали од профитот, и заштеда на проектираната загуба од 233 илјади евра која ќе ја направи поради скокот на цената на струјата, бара спогодбено да го раскине договорот со МЕПСО. Ова е само уште еден класичен пример на конфликт на интереси, каде што вицепремиерот Анѓушев се јавува како главен фактор на одлучување кај двете страни, и на страната на државата и на страната на приватна компанија, потенцира Делев.

Тој додава дека кога е Анѓушев во прашање законите не играат некоја важна улога, а историјата се повторува.

-Законите беа прекршени во случајот хидроелектрани „Тополка“. Законите беа прекршени во случајот „акумулатори“. Законите беа прекршени и во случајот со фамозниот тендер на ЕЛЕМ, во кој Анѓушев јасно призна дека управителите во неговите фирми се само статисти, а тој е оној кој одлучува за бизнис зделките на  неговите фирми. Анѓушев се гледа низ призмата на парите, а Македонија е добра почва за неговите сомнителни бизниси. Додека економијата доживува крах, додека стопанството е пред колапс, додека стандардот на граѓаните паѓа, додека растат цените на производите, а просечната плата се намалува, додека се бркаат инвеститори, само семејните бизниси на Заеви и Анѓушеви цветаат и тоа со сесрдна помош на институциите под нивна контрола. За само четири месеци, СДС успеа да реализира криминални тендери кој изнесуваат милиони и државата ја ставија во функција на контрибутор на касата на неколкуте фирми кои се во сопственост на клановите на власта, истакна Делев.

Тој вели и дека доколку вицепремиерот Анѓушев навистина чувствуваше морална и политичка одговорност, до сега требаше да си поднесе оставка поради злоупотребување на службената функција. Самото поставување на функција „вицепремиер за економски прашања“ на човек чии фирми поседуваат 90% од домашниот пазар на електрична енергија, преставува конфликт на интереси.

-Конфликт на интереси имаме поради фактот дека фирмите на Анѓушев се најголемите увозници на електрична енергија. Конфликт на интереси имаме поради фактот дека фирмите на Анѓушев се најголемите продавачи на електрична енергија на македонскиот пазар, кој е веќе либерализиран за правните субјекти, а со новите измени Анѓушев ќе го покрие и пазарот за домаќинствата, поточно, сите домаќинства ќе користат електрична енергија која ќе им ја продава Анѓушев. Со тоа, лично Анѓушев ќе ја диктира цената на електричната енергија која, според досегашните искуства, можно е да порасне и до 50% за домаќинствата. Конфликт на интереси имаме и поради фактот што Анѓушев има добиено 24 концесии за користење на мали хидроелектрани за кои добива повеќе од 5 милиони евра фидинг тарифи според регулаторна комисија. Ваквото беззаконие не смее да остане неказнето. По враќањето на демократијата и правната држава во Република Македонија сите прекршители на законите кои вршеле криминал со цел да и се додворат на врхушката на власт ќе одговараат. Граѓаните ќе го казнат неодговорното однесување на владата со голем пораз на 15-ти октомври за сите погрешни политики на СДС, аболицираниот криминалец Зоран Заев и газда Кочо Анѓушев, рече Делев.

Latest News

Северина 3apa3ена со kopoнавиpус: „Денеска добив позитивен pe3ултат“

Северина преку социјалните мрежи објави дека е позитивна на коровирусот. Во објавата, таа напиша дека нема никакви симптоми и...

Ќе има свадба-Ване Цветанов ја запроси Дунавка Трифуновска во Турција

Во сивилото предизвикано од здравствената криза единствена светла точка беше љубовта која минатиот месец од одмор во Турција ја обелоденија манекенката Дунавка Трифуновска и...

Ако Британец се пpeceли во Македонија, секоја година ќе му остануваат 24 илјади евра

Според статијата на uk.finance.yahoo.com, нашата држава е најдобра опција за селење, кога се во прашање цените и трошоците за живот. Според истражувањетол, Северна Македонија е...

Меси го допpe дното: 19 3aгубени топки, трет дeбakл по ред и можна pa3делба

Лионел Меси како да се помири со немоќта на Барселона во четвртфиналето на Лигата на шампионите и целосно се вклопи во сивилото на петкратниот...

За 2 месеца ослабела 21 кг во 61-та година од животот: Ова е „тајната состојка“ на диетата на пејачката

Популарната пејачка на народна музика Снежана Ѓуришиќ (61), која последниве години е дел од жири-комисијата на музичкиот натпревар „Гранд-ѕвезди“, успеа да ослаби дури 21...

More Articles Like This