September 25, 2020, 5:57 am

Денеска е Св. свештеномаченик Антим

Поврзано

ДЕНЕСКА Е СВ. ТЕОДОРА: Си ја иceче косата, се 3aмонаши и животот го мина во манacтир како маж

Таа беше жена на млад маж од Александрија. Наговорена од некоја бајачка, таа изврши прељуба со друг човек....

Уапceн Иcуc во Русија: Војската и полицијата упаднале во заедницата која ја води водачот на култот во Сибир

Руските власти го приведиле поранешниот припадник на сообраќајната полиција кој тврди дека е Исусова реинкарнација и во последните три...

Денес избегнете неколку работи: Трите светици ни го покажуваат патот по кој да одиме

На овој ден ги славиме трите сестри Светите маченички Минодора, Митродора и Нимфадора. Тие живееле во Азија, воспитани во...
- Advertisement -

Денеска е 16 септември односно 3 септември (според стар стил) и се слави Св. свештеномаченик Антим.

Роден е во Никомидија и од детството воспитан како вистински христијанин. Телото му беше умртвено, духот смирен, зависта искоренета, гневот скротен, мрзливоста протерана, имаше љубов кон сите, мир со сите, благоразумност во сè, ревност кон славата Божја, јавна за сите.

Не е чудо што човек со такви добродетели беше поставен за епископ. Свети Антим епископствуваше во Никомидија во времето на жестокото гонење на христијаните под свирепите цареви Диоклецијан и Максимијан. Особено во Никомидија христијанската крв се лееше во потоци. Една година на денот на Христовото Рождество во еден храм беа изгорени дваесет илјади маченици (види под 10 јануари). Тоа се случи во времето на архијерејството на Антим. Но, гонењето не заврши со тоа, туку продолжи, па мнозина христијани беа фрлени во затвор и така чувани за маки и убивање. Светиот Антим се оддалечи во едно село, Оман, не за да ѝ побегне на смртта, туку за да може оттаму да го храбри своето стадо во подвигот на мачеништвото, за никој да не отпадне заради страв.

Едно од неговите писма до христијаните во затворот беше фатено и предадено на царот Максимијан. Царот испрати дваесет војници да го фатат и да го доведат Антим. Белокосиот прозорлив старец им излезе во пресрет на војниците, ги воведе во својот дом и ги нагости, па дури потоа им кажа дека тој самиот е Антим когошто тие го бараат. Восхитени од неговата добрина војниците му предлагаа да се скрие, а тие да му речат на царот дека не можеле да го најдат. Но, Антим им одговори дека тој не смее да дозволи со лага да се престапува заповедта Божја и да се спасува неговиот живот, туку појде со нив.

Патем, војниците поверуваа во Христа и примија крштение од овој епископ. Изведен пред царот Свети Антим баше долго и жестоко измачуван, а најпосле го исекоа со секира. Го прослави Господа и се упокои во Него, во почетокот од 4 век.

Latest News

Ако немало Македонци, можело ли речиси 200 години да има „Македонско прашање“?

Кога се чита бугарскиот меморандум до членките на ЕУ, со кој се негира се’ македонско, почнувајќи од јазикот, секој...

Време: Сончево до 31 степен, попладне доаѓа дожд

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Кон...

Костовски: СДСМ планира приватизација на Македонски пошти

Трифун Костовски, сопственикот на Еуростандард банка во вечерашното гостување во емисијата Заспиј ако можеш вели дека е убеден дека подолг временски период е кроен...

Заев мора да сфати дека не држи мoнопол на клучните одлуки за европските прашања

Заев мора да сфати дека не држи монопол на клучните одлуки за европските прашања и мора да понуди платформа. Доколку сам го истурка процесот...

(Видео) Нов инцидент на полициска бpyталност

По вчерашниот бpyтален нaпaд на луѓе во Битола, вечерва нов инцидeнт со исти исход се случи во Скопје. На видеото кое кружи на...

More Articles Like This