January 19, 2021, 3:01 am

ДЕНЕСКА Е СВ. ТЕОДОРА: Си ја иceче косата, се 3aмонаши и животот го мина во манacтир како маж

Поврзано

Џафери упати честитка до православните верници по повод утрешниот христијански празник Богојавление – Водици

Претседателот на Собранието на Република Македонија денеска до сите православни христијани упати честитка по повод утрешниот христијански празник Богојавление...

Утре е строг пост, се пости само со леб и вода

Православните граѓани во Македонија утре го празнуваат Водопост, денот пред Водици. Денот пред Богојавление, верниците одат во црква, палат свеќа,...

Денеска православните верници празнуваат Собор на Светите Седумдесет Апостоли

Освен дванаесетте големи апостоли Господ избра уште седумдесетмина други, помали апостоли и ги испрати на проповед на Евангелието, и...
- Advertisement -

Таа беше жена на млад маж од Александрија. Наговорена од некоја бајачка, таа изврши прељуба со друг човек. И веднаш совеста почна луто да ја гризе.

Си ја исече косата и се облече во машка облека, па стапи во машкиот манастир Октодекат под машкото име Теодор. Нејзиниот труд, пост, бдеење, понизноста и плачното покајание ги восхитуваа сите браќа. Наклеветена од некоја блудна девица дека е од неа обесчестена и забременила, Теодора не сакаше да се оправдува, сметајќи го тоа како казна Божја за својот поранешен грев. Избркана од манастирот, таа седум години помина живеејќи по шуми и пустини, притоа негувајќи го и детето на онаа блудница.

Ги победи сите ѓаволски искушенија: не сакаше да му се поклони на сатаната, не сакаше да прими јадење од рацете на еден војник, не сакаше да ги слуша советите на мажот ѝ да му се врати – затоа што сето тоа беше само ѓаволски привид и штом Теодора ќе се прекрстеше со крстот, сето тоа исчезнуваше како чад.

По седум години, игуменот ја прими во манастирот, каде што проживеа уште две години, па се упокои во Господа. Дури тогаш дознаа монасите дека е жена, а на игуменот му се јави Ангел и сè му објасни. Нејзиниот маж тогаш дојде на погреб и до смртта остана во келијата на својата некогашна жена.

Света Теодора имаше голема Божја благодат: скротуваше ѕверови, исцелуваше болести, изведе вода во сув бунар. Така ја прослави Бог вистинската покајничка којашто долготрпеливо се каеше девет години за само еден грев. Се упокои во 490 година.

Latest News

Внимавајте утре: Најавена блоkaда патот кон Пониква поради вежби на МВР

Сообраќајот на регионалниот пат Кочани кон Спортско рекреативниот центар Пониква на потегот од место викано „аеродром“ до паркингот кај...

More Articles Like This