January 28, 2021, 2:39 am

Денеска е Св. maченичка Анисија

Поврзано

Денеска е CB. maченица Taтјана

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 јануари. Денеска е Св. маченица Татјана. Света Татјана потекнувала од видно римско...

Денеска е Пpeподобен Теодосиј Велики

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 јануари Денеска е Преподобен Теодосиј Велики. Свети Теодосиј е кападокиец. Роден е...

Koлку дoлгo ce чyвa cвeтaтa вoдa?: Eвe штo тpeбa дa нaпpaвитe co нea пocлe Boдици

За време на вчерашниот ден верниците од црква земаат осветена вода, но дали знаете што треба да направите со...
- Advertisement -

Денеска е 30 декември според стар стил и се слави Св. маченичка Анисија.

Родена е во Солун од угледни и богати родители, воспитана во Христовата вера. Рано остана сираче и целата се предаде на богомислие и на молитва во својот дом. Побудувана од Христовата љубов, често велеше: „О, лажен животу на младите, зашто или соблазнуваш или се соблазнуваш. Подобра е староста, но тага ме обзема заради должината на времето кое ме дели од небесните“.

Потоа сиот свој имот го продаде и им го раздаде на бедните, а самата живееше од трудот на своите раце. Држеше строг пост, спиеше многу малку и непрестајно лееше солзи на молитва. Кога ќе ја совладаше сон, си велеше себеси: „Опасно е да се спие кога мојот непријател бдее“.

Во тоа време свирепиот цар Максимијан издаде проглас дека секој може да убие христијанин кога ќе го сретне, без суд и осуда. Еднаш оваа света девојка излезе за да оди в црква. Тој ден беше незнабожечки празник на сонцето. Некој војник ја виде убава во лицето, па ѝ пријде со нечиста желба и ја праша за името.

Таа се прекрсти и му рече: „Јас сум слугинка Христова и одам в црква“.

Кога дрскиот војник ѝ пријде поблиску и почна да ѝ зборува безумни нешта, таа го оттурна и му плукна во лицето. Војникот ја удри со меч под ребрата и ја прободе. Оваа Света девица пострада во 298 година. Христијаните ја погребаа чесно, а Бог ја овенча со маченички венец во Своето Царство.

Над нејзиниот гроб подигнаа црква. Нејзините свети мошти се наоѓаат во храмот „Свети Димитриј“, во Солун.

Latest News

Тасевски: Според големата Финска Реформаторка родот е флуиден, легнуваш како машко, се будиш како девојче

Актерт Сашо Тасевски реагираше на контроверзните реформи во образованието кои власта планира да ги спроведе во најкраток можен рок. „Наскоро...

More Articles Like This