January 28, 2021, 2:29 am

ДЕНЕСКА Е CBEТИ СТЕФАН

Поврзано

Денеска е CB. maченица Taтјана

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 јануари. Денеска е Св. маченица Татјана. Света Татјана потекнувала од видно римско...

Денеска е Пpeподобен Теодосиј Велики

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 јануари Денеска е Преподобен Теодосиј Велики. Свети Теодосиј е кападокиец. Роден е...

Koлку дoлгo ce чyвa cвeтaтa вoдa?: Eвe штo тpeбa дa нaпpaвитe co нea пocлe Boдици

За време на вчерашниот ден верниците од црква земаат осветена вода, но дали знаете што треба да направите со...
- Advertisement -

Денеска православните христијани го празнуваат Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан e еден од првите седум ѓакони ракоположени од светите апостоли и првиот маченик за Христа. Православната Црква го празнува неговиот спомен на 9 јануари или трет ден Божиќ.

Именден имаат: Стефан, Стефанија, Стефани, Фанка, Стојан….

По Вознесението на Господ Исус Христос и по слегувањето на Светиот Дух над апостолите, Господовото слово бргу се распространувало, и бројот на верните растел секој ден. Јудејските началници и членовите на синедрионот со ожесточеност и гнев ги гледале успесите на новото учење. Откако го предале Исуса Христа на срамна крстна смрт, тие се надевале, дека со Него ќе загине и Неговото слово. Но, сега тие виделе, дека смирените рибари безстрашно и громко го проповедаат името на воскреснатиот Христос, Кој се вознел на небето и седи оддесно на Бога; дека тие прават чуда, со еден допир исцелуваат болни и даваат вид на слепи; дека на сите јазици го распространуваат учењето на Христос и дека нивните зборови, исполнети со необична сила, привлекуваат многу луѓе, подготвени со радост да ги напуштат дури и своите семејства и домови, за да станат Христови следбеници.

По убиството на свети Стефан, јудејците оставија неговото тело да го изедат пците, така што се до овој век тие беа сосема заборавени. Епископот Лукијан дојде до пештерата што му беше покажана и таму најде се според кажаното. А кога почнаа да копаат по пештерата се рашири пријатен и добар мирис од светите мошти. Подоцна моштите на свети Стефан беа пренесени во Цариград.

и гонењата, христијанската Црква сè повеќе закрепнувала. Храброста со која верните ги поднесувалетие гонења, ги убедувала непристрастните во вистинитоста на христијанската вера. Оние што поверувале биле принудени да бегаат от Ерусалим, каде што Савел жестоко ја гонел Црквата. Се распрснале по цела Јудеја и насекаде бројот на христијаните бргу се зголемувал. Во 415 г. моштите на првомаченикот Стефан биле откриени преку чудесно видение, кое го имал некој свештеник. Тие били поставени во Сионскиот храм, во Ерусалим. Многу години потоа, благочестивата византиска царица Евдокија, сопругата на Теодосиј Помладиот, допатувала во Ерусалим, и на местото, каде што светиот првомаченик Стефан бил убиен и земјата се обагрила со неговата честна крв, изградила прекрасна црква, што го носела неговото име, во чест на Христа Бога.

Култот особено пораснал по наоѓањето на неговите мошти и нивното пренесување во Цариград. Преданието вели дека пренесувањето на моштите на св. Стефан во Цариград било за време на владеењето на Константин Велики и за време на патријархот Митрофан. Животните што ја влечеле колата во кои биле моштите на св. Стефан на едно место одеднаш застанале и со човечки глас рекле: „Зошто нè тепате? Светецот треба да биде поставен овде!“ Царот веднаш на тоа место подигнал црква посветена на првомаченикот.

Latest News

Тасевски: Според големата Финска Реформаторка родот е флуиден, легнуваш како машко, се будиш како девојче

Актерт Сашо Тасевски реагираше на контроверзните реформи во образованието кои власта планира да ги спроведе во најкраток можен рок. „Наскоро...

More Articles Like This