October 20, 2021, 8:47 pm

Денеска затворени неколку улици во Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради верскиот празник Задушница денеска се очекува зголемен интензитет на сообраќајот по сообраќајниците кои гравитираат околу гробиштата „Бутел“, „Камник“ и „Ѓорче Петров“.

policija-soobrakaj

Најголем интензитет се очекува во периодот од 9 до 16 часот на градските гробишта „Бутел“ кога ќе биде воведен посебен режим на одвивање на сообраќајот. Приодот кон гробиштата ќе биде од улицата „Александар Урдаревски“, покрај пазарот „Бутел“, лево по локалниот пат за село „Мирковци“, лево по улицата „Боца Иванова“ до паркингот пред гробиштата. Забранет ќе биде приодот од кружниот тек на улицата „Александар Урдаревски“ (кај „Наше дете“), лево преку  ул. „Боца Иванова“.

Обратната насока, односно излезот на возилата ќе се одвива од гробиштата, по ул. „Боца Иванова“, десно по ул. „Александар Урдаревски“. Доколку се укаже потреба и во зависност од моменталните состојби, овој режим на сообраќај може да биде воведен и во останатите денови.

Од сообраќајната полиција апелираат учесниците во сообраќајот да бидат трпеливи и да имаат предвид дека ќе им биде потребно повеќе од вообичаеното време за пристигнување до крајната дестинација. Се апелира возачите да ги почитуваат инструкциите и наредбите што ќе им бидат давани од страна на полициските службеници и да се однесуваат совесно и хумано.

Latest News

(Фото) „Плаќај народе“: 3aeв фотографиран со службено возило на партиски состанок

Премиерот Зоран Заев, прави злоупотреба на функцијата за изборни и партиски цели. Тој со службен владин автомобил се појави на...

More Articles Like This