Денеска и утре облачно, сончев и топол викенд

  • April 19, 2018

Во целата земја денеска ќе биде променливо облачно, главно во јужните делови со повремен дожд и ретки грмежи. Попладне ќе дува умерен ветер од северен правец.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 24 Целзиусови степени, Крива Паланка 21, Маврово 16, Охрид 20, Битола 22, Кавадарци 25, Берово 19, Дојран 27…

И утре времето ќе биде променливо облачно со краткотрајни локални врнежи од дожд во јужните делови и температури од 16 до 24 степени.

За време на викендот ќе имаме сончево време со мала доумерена облачност и температури од 17 до 27 степени.

Претходно «
Следно »