December 4, 2021, 6:10 pm

ДЕНЕСКА СВ. АПОСТОЛИ ОД 70-ТЕ: Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј духовно војуваа, победија и зедоа венци на невенлива слава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска е 10 ноември според стар стил и се слават Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј.

Сите беа од Седумдесетте апостоли. Последните тројца се прославуваат и на друг датум, и тоа: Родион на 8 април, Сосипатар на 28 април, а Терциј на 30 октомври.

Светите Олимп и Родион беа следбеници на апостолот Петар и кога тој пострада пострадаа и тие, на заповед од Нерон беа обезглавени.

Ераст беше најпрво економ на Црквата во Јерусалим, а потоа епископ во Панеада Палестинска. Кварт беше епископ во Бејрут, многу страдаше, но и многумина ги приведе кон Христовата вера.

Сосипатар беше епископ во Иконија, а Терциј беше втор епископ во истата таа Иконија.

Духовно војуваа, станаа победници и зедоа венци на невенлива слава.

Latest News

(Видео) Hемири во Виена: Над 10 000 демонстpaнти се cyдрија со полицијата која со кучиња ја рacтеруваше толпата

Во центарот на Виена се одржуваат бројни протести на противниците на мерките за корона и задолжителната вакцинација, поради што...

More Articles Like This