Денеска се враќа полициckиот час

Поврзано

- Advertisement -

Полицискиот час се враќа на сила денеска, 2 мај и ќе трае секој ден до до 15 мај (со можност за продолжување, зависно од епидемиолошката слика во државата), од 21 часот навечер до 5 часот наутро.

Потсетуваме дека единствен исклучок, беше вчеравечер, пред Велигден, и вечерта
на 12 кон 13 мај, за муслиманскиот празник Рамазан Бајрам.

Овие прекини на рестрикцијата на движењето на граѓаните, како што истакнаа министерот за здравство и неговиот заменик – Венко Филипче и Илир Хасани, се воведени за да можат граѓаните да се чувствуваат слободно за време на овие два големи верски празници. Сепак, како што и властите постојано апелираат, отсуството на полициски час не значи и отсуство на рестрикции, односно граѓаните сѐ уште се должни да ги почитуваат мерките за заштита од корона вирусот, пред сѐ за себе и здравјето на своите најблиски.

Latest News

Отворена нова истpaга пpoтив Гугл поради онлајн рекламирање

Антимонополските власти на ЕУ ќе отворат уште еден фронт против „Гугл“, дел од „Алфабет“, со започнување на официјална истрага...

More Articles Like This