December 9, 2021, 12:11 pm

Денеска се одржува „Прв до врв“-најмасовниот планинарски настан во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска ќе се одржи ПРВ ДО ВРВ  најмасовниот планински настан во Македонија. Ова е омилениот настан на Скопјани на чија програма и годинава има трки во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам, како и традиционален пикник на целта кај врвот.
prv-do-vrv2

По завршувањето на трките  е предвидена музичка програма и церемонија на прогласување на победниците.

Стартовите на трките се закажани во 9 часот и 45 минути кај Музејот на град Скопје за велосипедистите, и во 10 часот кај основното училиште „Кочо Рацин“ за оние кои ќе се натпреваруваат во трчање и планинарење.

Пријавувањето за учество е се уште отворено преку веб страната www.prvdovrv.mk. Регистрираните учесници ќе можат да ги подигнат своите стартни пакети во петок и сабота на плоштадот „Македонија“, а оние кои доаѓаат од другите градови и држави истото ќе можат да го сторат и во недела, на денот на трката, од 8 до 9 часот кај ОУ Кочо Рацин.

Настанот го организира здружението за спорт и рекреација „Прв до врв’ во соработка со градот Скопје и со поддршка на деловната и општествената заедница.

Latest News

Двајца велосипедисти прегазени во Тетово, возачот на автомобилот тешко повреден

На 08.12.2021 во 23.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на кружниот тек од бул.„Видое Смилески Бато“ со...

More Articles Like This