May 16, 2021, 9:37 am

Денеска се празнува Неде CBeта Mapија Египетска

Поврзано

- Advertisement -

Петтата недела од Великиот Пост е посветена на преподобната Марија Египетска бидејќи во оваа недела, една пред почетокот на Страсната Седмица, Црквата ја достигнува полнотата на покајанието. А светата Марија Египетска е впечатлив пример токму на длабоко покајание. Таа од својата дванаесетта година почнала да живее развратно и во разврат поминала седумнаесет години.

Во една прилика, дошла во Јерусалим и посакала да влезе в црква и да му се поклони на Чесниот Крст, но некоја невидлива сила ја задржувала и не ѝ допуштала да влезе. Во голем страв погледнала во иконата на Пресвета Богородица во припратата на црквата, молејќи се кон Пречистата да ѝ дозволи да влезе и да го целива Чесниот Крст, ветувајќи дека потоа ќе го смени својот живот.Тогаш ѝ било дозволено да влезе в црква. А таа, откако го целивала Чесниот Крст, оставила сè и се населила во пустината од другата страна на Јордан. Таму поживеала цели четириесет и осум години, во преголеми маки, во борба со страсните помисли како со диви ѕверови. Така, таа од голема грешница, со Божја помош, станала голема светителка.

Latest News

Дневен xopockoп за 16. мај 2021 година

Дневен хороскоп за недела, 16. мај 2021 година. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ви претстои играње игри во кои вие глумите. Пресечете го...

More Articles Like This