September 18, 2021, 8:42 am

Денеска се празнува Преподобен Мојсеј Мурин

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 август.

Денеска е Преподобен Мојсеј Мурин.

Мојсеј беше Египќанец. Првин беше роб, а кога му се даде прилика избега од господарот и стана разбојник. Надарен со голема телесна снага и имајќи луда смелост и безобзирност во потфатите, тој наскоро се наметна за водач на својата дружина. Стана страв и трепет за целата околија.

Но, по некое време се покаја, ја напушти дружината и стариот живот и се настани во еден манастир, а потоа уште повеќе се повлече во една осамена келија и тука секојдневно се бореше со опашките од своите страсти. Доживеа длабока старост. Бесниот Мојсеј во смирението стана сличен на Христа, на Бога.

Во поодминати години основа свој манастир, во кој погина при еден напад на варварите. Тој, имено, со очите на духот ја виде нивната навала и ги испрати останатите од манастирот, а самиот остана во манастирот зашто сметаше дека оној кој во животот вршел насилства треба и да погине од раката на насилниците.

Од католичкиот календар: Денеска е Св. Никола од Толентин.

Бил роден во 1245 година во тврдината Сент Анџело. Стапил во редот на августинците. Во 1269 година станал свештеник. Неговите животни потреби биле сведени на минимум. Бил сиромашен и скромен. Во исхраната употребувал само зеленчук. Храбро ги поднел сите болести и не барал помош од луѓето. Свети Никола бил прочуен проповедник и ги советувал луѓето. Умрел во 1305 година.

Html code here! Replace this with any non empty raw html code and that's it.

Latest News

Денеска иcтeкува рoкот за потврдyвање на сите листи на кандидaти за градoначалници и совeтници

Денеска истекува рокот до кој општинските изборни комисии (ОИК) официјално треба да ги потврдат сите листи на кандидати за...

More Articles Like This