October 21, 2021, 11:58 am

Денеска се слави Светиот маченик Созонт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска е 7 септември (по стар стил) и се слави Светиот маченик Созонт.

Родум од Ликаонија. Беше овчар, а во сè го држеше Божјиот закон и ги поучуваше своите врсници и другари во благочестието. Преку некое видение дозна дека ќе треба маченички да пострада за Христа.

Во тоа време имаше големо гонење на христијаните во блискиот град Помпеопол од страна на некој Максимијан, управител киликиски. Во градот имаше некој златен идол на кого незнабошците му се поклонуваа.

Созонт ги остави своите овци, отиде во градот, влезе во незнабожечкиот храм, му ја скрши раката на златниот идол, ја раздроби и им ја раздаде на сиромасите. Заради тоа, во градот настана голема тревога и незнабошците почнаа да го бараат виновникот.

За да не пострада некој друг заради неговото дело, Созонт се упати кај управителот и се пријави себеси како христијанин и извршител на она дело. Мачителите најпрво го тепаа, а потоа го обесија на дрво и го стружеа со железни четки, а кога беше веќе на умирање го ставија на оган, каде што свети Созонт му ја предаде својата душа на Бога.

Пострада околу 304 година. Неговите мошти се покажаа како чудотворни и над нив беше подигнат храм посветен на светителот.

Latest News

Внукот на Ахмети даде поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево

Александар Јовановски, кандидатот за градоначалник на Кичево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, освои најмногу гласови во првиот изборен круг. Според податоците...

More Articles Like This