October 24, 2021, 8:22 am

Денеска се слави Свети свештеномаченик Вавил

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска е 4 септември (по стар стил) и се слави Свети свештеномаченик Вавил.

Овој голем и прекрасен човек, ако може да биде наречен човек, како што се изразува свети Јован Златоуст за него, беше архиереј во Антиохија во времето на скверниот цар Нумеријан. Нумеријан беше заклучил мир со некој варварски цар којшто беше многу поблагороден и помирољубив од самиот Нумеријан.

Во знак на својата искрена желба за траен мир, варварскиот цар го даде своето помало синче на дворецот кај царот Нумеријан за да се воспитува таму. Еден ден, Нумеријан со свои раце го закла тоа невино детенце и им го принесе на жртва на идолите. Уште жежок од злосторството и од невината крв, овој злосторник под круна, појде во христијанскиот храм да види што се прави таму.

Свети Вавил беше со народот на молитва, па слушна дека царот доаѓа со својата свита и сака да влезе в црква. Вавил го прекина богослужењето, излезе пред црквата и му рече на царот дека не може да влезе во светиот храм, каде што се прославува единствениот вистинит Бог.

Беседејќи за Вавил, Златоуст рече: „Од кого друг би се уплашил оној којшто со таква власт се однесуваше кон царот? Тој со тоа ги научи царевите да не ја спростираат својата власт подалеку од мерата што им ја дал Бог; им покажа на свештениците како треба да се ползуваат со својата власт.“

Посрамен, царот се врати, но смисли одмазда. Утредента, царот го повика Вавил и почна да го укорува и да му нуди да им принесе жртва на идолите, што светителот се разбира дека го одби неотстапно. Тогаш царот го окова во вериги и го фрли во затвор. Царот исто така ги измачуваше и трите деца: Урван кој имаше дванаесет, Прилидијан кој имаше девет и Еполиниј кој имаше седум години.

На овие деца Вавил им беше духовен отец и учител и тие не се одвојуваа од него заради љубовта кон него. Тие беа синови на една благочестива христијанка Христодула, којашто и самата страдаше заради Христа.

Царот најпрво ги пореди, па на секое дете му удрија толку стапови колку што имаше години, а потоа ги фрли во затворот и најпосле ги уби со меч сите тројца. Вавил, окован присуствуваше на мачењето на децата и ги храбреше, а потоа и самиот ја положи својата чесна глава под мечот.

Христијаните го погребаа во окови, како што им остави завет пред смртта, во една гробница со оние тројца прекрасни младенци. Нивните свети души одлетаа во небесните живеалишта, а нивните чудотворни мошти останаа за полза на верните, како сведоштво на нивната храброст во верата. Пострадаа околу 250 година.

Latest News

Eднa гoдинa oд cmpттa нa Амди Бајрам

Денеска се навршува една година од смртта на поранешниот пратеник и политичар, Амди Бајрам. Тој беше долги години претседател...

More Articles Like This