December 8, 2021, 11:31 pm

Денеска собраниска седница за уставните амандмани: Џафери не очекува ништо сензационално

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Собраниската седница за утврдување на уставните амандмани за промена на Уставот согласно Договорот од Преспа почнува денеска и може да трае најмногу 12 дена, но Џафери е убеден дека овој рок ќе биде пократок.

„Ако на собраниските комисии немаше ништо сензационално, не очекувам да има ни на седницата. Предлагачот, односно Владата, потоа треба да организира јавна расправа и по завршувањето треба до Собранието да испрати извештај за да можат да течат следните рокови“, објасни собранискиот спикер
Патот за понатамошната конечна промена на Уставот е следен:

Се поднесуваат амандмани на амандманите на Уставот.
Претрес на амандманите на уставните амандмани во две Комисии.
Собранието се изјаснува одделно за секој амандман на уставните амандмани.
Седница на усвојување на уставните амандмани со двотретинско мнозинство.

Пратениците своето конечно изјаснување ќе го дадат околу 20 јануари, а Владата се надева дека за овие амандмани ќе гласаат повеќе од потребните 80 пратеници.

Latest News

Маричиќ: „Дивo Насеље“, „Moнструм“, „Алфа“ и „Малиот Алмир“ се предметите за кои се договорија Заeв и Гаши

„Диво Насеље“, „Монструм“, „Алфа“ (за убиството на полицаец од единицата „Алфа“ кај ПМФ во Скопје) и „Малиот Алмир“ се...

More Articles Like This