Денеска сончево, утре дожд и снег

  • December 2, 2019

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Дневните температури ќе достигнат во Скопје 8 Целзиусови степени, Маврово 5, Охрид и Кавадарци 10, Битола 9, Крива Паланка 8, Берово 7, Дојран 12.

Утре ќе имаме претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините со повремен снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите кон крајот на денот ќе преминуваат во снег и на повисоките места во северните делови. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Дневните температури ќе бидат во Скопје 5, Маврово 3, Охрид и Кавадарци 8, Битола 7, Крива Паланка и Берово 4, Дојран 10.

Претходно «
Следно »