ДЕНЕС Е ЗАДУШНИЦА: Помолете се за покој на душите на починатите и запалете свеќа

Поврзано

Се празнува Петровден, ден на врховните апостоли Св. Петар и Павле

По примањето на Светиот Дух апостолите се растуриле по светот за да ја проповедаат светата Христова вера. На тој...

Во Бигорски наречение за новиот епископ антаниски, Партениј

Во свештената Бигорска обител денеска од 18 часот ќе се изврши наречението за епископ на архимандрит Партениј, игуменот на...

Денес е спомен на Пренос на моштите на светите мaченици Кир и Јован: Бecpебpeници и чудотворци

Се празнуваат на 31 јануари. Под тој датум е опишано нивното житие и страдање. На 28 јуни се празнува...
- Advertisement -

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 22 октомври. Денеска е Св. рамноапостол Аверкиј (Задушница).

Црквата го нарекува рамноапостол заради неговите успеси во проповедта на Евангелието, слични како на апостолите. Во време на император Антонин беше епископ во Ерапол, Фригија. Заради неговиот доблесен живот и чудата што ги правеше во Христово име, малку по малку се крсти целиот Ерапол, инаку до тоа време скоро чисто пагански град. На старост бил повикан во Рим, каде што ја исцелил полудената царева ќерка. Го проповедал Евангелието и во Сирија и Месопотамија. Овој Христов светилник се пресели во небесните населби кон крајот на вториот век, откако доживеа длабока старост.

Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите.

Задушница е секогаш в сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите.
На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.

Митровденската задушница секогаш паѓа во саботата пред празникот Митровден. Митровденската задушница е востановена во XIV век и најпрвин била руска традиција, од каде што преминала и во повеќето православни цркви. На оваа задушница, во прво време биле спомнувани само православните војници, меѓу кои биле и двајцата монаси Александар Пересвјат и Ослабја од Московската обител на Живоначалната Троица кои паднале на браникот за верата и татковината. Димитриј Јованович Донски, откако ја извојувал победата во битката со Мамаите на Куликовското поле во 1380 година, во која загинале и двајцата спомнати монаси, ја посетил нивната света обител за таму да учествува во извршувањето на поменот за нив. Притоа тој предложил Црквата да го прави овој помен секоја година во Митровденската сабота, односно во онаа сабота која е најблиску до празнувањето на св. вмч Димитриј (08 ноември). Од тоа време Црквата ја приброила оваа задушница во вселенските родителски саботи, а нешто малку подоцна востановила во оваа сабота да се извршува помен не само за паднатите за верата и татковината војници, туку и за сите починати воопшто.

1 коментар

Latest News

Високи службеници од ИВЗ заразени со koронавирус

Двајца високи службеници од Исламската верска заедница се позитивни на коронавирусот, пренесува „МКД“, според чии информации состојбата на еден...

„Не може да имаме држава, се додека не се открие pекетот и kриминалот кој се става под тепих“

Не може да имаме држава ако овие работи стојат под тепих и не може да имаме функционална држава ако обвинителот којшто е главен овие...

Мицкоски: Ќе покажеме дека сме различни

Во гостување во емисијата Заспиј ако можеш, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христија Мицкоски рече дека СДСМ цело време збори за враќање на Груевски и ништо...

Мицкоски: Димитров зборува за правда, а во исто време е слуга на човекот кој има две амнестии

Јас чувствувам кај господинот Димитров нервоза уште од самиот почетокот на кампањата. Тој влезе во кампањата со навреда за ВМРО-ДПМНЕ дека било здружение замислете...

Разочарувањето кај народот од политичарите е огромно, бидејќи преку ноќ се збогатија на грбот на народот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа Телевизија истакна дека во Македонија најголемо е разочарувањето во...

More Articles Like This