ДЕНЕС е ПЕТРОВДЕН, посебно важен празник ЗА МАКЕДОНЦИТЕ

  • July 11, 2019

Утре се празнува големиот христијански празник Петровден. Овој православен празник се одбележува секоја година на 12 јули. Празникот е посветен на Апостол Петар. Сe смета за еден од најголемите празници по Велигден.

Светиот апостол Петар потекнувал од рибарско семејство и еднаш кога ловеле риби на езерото ги видел Исус и ги повикал по што Петар заедно со брат му Андреј го напуштиле рибарскиот занает и му се придружиле. Токму поради тоа Петровден се смета и за празник на рибарите.

На иконата светите апостоли Петар и Павле се претставени заедно, Петар со клучеви од рајот, а Павле со меч, симбол на сопствената смрт. И двајцата држат отворени книги. На празникот му претходи Петровденскиот пост чија должина зависи од празникот Велигден. Имено, овој пост, е еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината, започнува од првата недела по Духовден, а бидејќи овој празник е со непостојан датум и зависи од Велигден така и Петровденскиот пост трае различно.

Следниот ден 13 јуни е соборниот празник на Дванаесетте големи Апостоли или Павловден. Апостолот Павле не бил меѓу познатите 12 Христови апостоли. Во почетокот бил противник на христовата вера и прогонувач на христијаните за подоцна да стане најсилен пропагатор на ова учење. Поради многуте заслуги светата христова црква го ставила во редот на апостолите. Неговиот празник се празнува заедно со празникот на св. Петар но и посебно, следниот ден на 13 јули.

Светиот апостол Павле особено е значаен за нас Македонците. Своето прво патување надвор од Азија тој го направил во Македонија. Тоа започнало во 51, а завршило во 54 година. При своите патувања апостолот Павле организирал нови христијански општини, а старите ги утврдувал во новата вера. Ете затоа може да се рече дека Македонија е вратата низ која христијанството влегло во Европа. Во Македонија тоа ги совладувало првите теш котии, се судр увало со старите паг ански обичаи и верувања. Тука се добиени и првите бит ки во походот на христијанството кон Европа и светот.

Петровден повеќе се смета за црковен празник, постарите луѓе одат во црквата, а кој постел во Петровденскиот пост се причестува. На овој ден може и да се работи зашто е во време на најголемата же тва, а според верувањето дури и светецот (Св. Петар) тој ден земал спп и жнеел. Некој го држат празник само до пладне, а попладне работат.

Во Галичник Петровден се сметал за голем празник, тогаш иделе печалбарите и тогаш се правеле и свадбите. Останало забележано дека некогаш во еден ден имало 50 свадби, а удирањето на тапаните се слушало дури во Албанија.

Интересни обичаи и верувања поврзани со Петровден се забележани во Куманово. Тој ден рано наутро уште пред сонце, оделе во бавчите и нивите, особено оние со бостан и од сите четири страни фрлале ситни камчиња. На тој начин според верувањето засновано на принципот на имитативната магија се влијае врз бостанот многу да врзува и брзо да расте. Исто така бостанот, но и другите култури се прскале со вода од извор за да растат силно како водата што извира.

Во овие петровденски верувања интересно е и фрлањето измет од стоката врз бавчите и нивите со земјоделски култури. Изметот земен од местото каде што стоката пладнувала (меризувала), или од пазарот се верува ќе влијае врз родот да биде густ и обилен како што била стоката на тоа место. Во сиве овие верувања, како што може да се види присутна е имитативната магија верувањето дека сличното предизвикува слично.

Во Гевгелиско за јадење на овој ден правеле млечник за да бидат цела година благи како млекото, а во Скопска Црна Гора се верувало дека кој ќе се омпси во Петровденските пости ќе се скрастави. Во овој крај ако било сушно времето на овој ден носеле кпсти (литии) и со песната „Крсти носам бога молам” се молеле за дожд.

Според преданието што во Охрид го забележал Е. Спространов „ биле побратими. Сек’де заедно оделе, ама Павле бил бо лен. Петар си рекол: Ов’ј чоек ќе умр ит, ја ај да му ископам гр обот. Ко фатил да му копат, дошол Ристос и го опитал: Шо копаш бре Петре? -Ами Павле је бол ен рекол, та му го коп’м гробот.

– Ја ај легни да видиме, али чинит за тебе! Петре легнал и не станал веќе. Ето затоа рекле: Не копај гроб за друѓего, за да не влезиш сам во него. Петре копаше гроб за Павлета, ама сам умпе во него, а Павле си остана ушче да си живејт”.

Претходно «
Следно »