ДЕНЕС Е ПОСЕБЕН ДЕН: Необични факти за 29ти февруари

Поврзано

СЕЛО НА ПРОДАЖБА: Шведска продава цело селo за неверојатна цена

Едно село во Шведска се продава за 6,5 милиони евра. Сатра Брун е велнес село на периферијата на Стокхолм....

ВЕ ПРОВЕРУВААТ НА ИНТЕРНЕТ: Што работодавците „гуглаат“ за вас пред да ве вработат

Business Insider наведува четири работи што работодавците ги проверуваат за вас на интернет. Едно истражување покажало дека 80% од...

(Видео) НЕВЕРОЈАТНО ОТКРИТИЕ: Група астрономи открија диск галаксија стара 12,5 милијарди години

Група астрономи открија голема диск-галаксија, создадена пред 12,5 милијарди години. Имајќи предвид дека станува збор за најоддалечената галаксија од таков...

Откриваме зошто секоја четврта година е престапна и што крие 29 февруари.

Една година трае отприлика 365 дена, 5 часа, 45 минути и 46 секунди. Тие додатни 5 часа и неколку минути, за кои никој не сака да зборува, се всушност причина зошто имаме престапна година.

Годината со 366 дена се јавува на секои 4 години, поттикнувајќи ги жените да ги запросат мажите и прави родендените да бидат многу збунувачки за одреден број луѓе.

Но, тоа не се единствени чудни работи поврзани со овој датум. Во продолжение има неколку причини зошто 29 февруари е многу поинтерес отколку сте мислевте.

Зошто имаме престапна година што е тоа „престапна секунда“?

Поентата на престапната година е да помогне во прилагодувањето на грегоријанскиот календар со соларниот календар и да осигура дека на навреме ќе ги прославуваме соларните настани како што се пролетната или есенската рамноденица секоја година. Меѓутоа, дури ни дополнителниот ден во февруари на секои 4 години не може да го осигура точно вклопувањето, поради што научниците понекогаш повикуваат на „престапна секунда“.

Престапната секунда е подесување од една секунда која повремено се применува на координираното универзално време за да се намали разликата помеѓу прецизното време кое го мериме со часовниците и нeпрецизното воочено соларно време кое варира поради долготрајното уcпорување на ротацијата на Земјата.

Како да знаеме која година е престапна?

Многу едноставно: доколку последните две цифри од годината се делат со 4 (на пример 2016, 2020, 2024…) тогаш е престапна година. Годините кои означуваат крај на век се издвоени од ова правило. Тие мора да се делат со 400 за да бидат престапна година. Значи 2000 и 2004 се престапни години, но 2100 нема да биде.

Зошто жените ги запросуваат мажите баш на 29 февруари?

Откако папата Гргур XIII со укaз го прогласил грегоријанскиот календар во 1582 година, идејата за додавање на 29 февруар на секои четири години изгледала како смешна, што во британскиот театар направиле комична претстава во која се истакнувало дека жените на тој ден би требало да ги заменат здолништата за панталони и да се однесуваат како мажи. Претставата е означена како сатира, но тогашните феминстки биле испирирани, до 1700 година жените го користеле 29 февруари за да им предложат брак на мажите. Традицијата, која денес се нарекува „Bachelor’s Day“, го достигна врвот во почетокот на 1900 година и продолжува и денес да се применува во Велика Британија.

Раѓање, но и уште нешто

На светот постојат околу 4 милиони луѓе кои се родени на овој ден. Веројатноста дека некое бебе баш на 29 февруари е 1:1.500.

Луѓето кои се родени на 29 февруари имаат проблем со одбележувањето на својот роденден, но се случува и некој да yмpe баш на овој ден. Според Енциклопедијата на светското наследство, во 1800 – тите, Џејмс Милн Вилсон кој е по потекло Британец, а за време на животот станал и премиер на Тасманија „роден е на престапен ден и yмpeл токму на тој ден“. Вилсон yмрeл на 29 февруари 1880 година, на неговиот „17“ роденден, односно кога имал 68 години во регуларни години.

Попусти на 29 февруари

Во многу држави продавниците даваат големи попусти токму на овој ден. Затоа обрнете внимание, тоа може да се случи и кај нас, па ќе може да си го купите она што сте го сакале по многу поволни цени.

Актуелно

БЕВ ВО РЕСТОРАН, И ЌЕ СИ ПЛАТАМ КАЗНА: Мицкоски на Фејсбук жали што во услови кога имаме 100 заболени од корона, власта се занимава...

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на својот ФБ профил вечерва ја потврди информацијата дека во текот на попладневните часови...

ГЛУПАВА ОДЛУКА: Зошто Филипче избега од ова прашање?!

“Реалноста е дека жителите на градовите кои се ставаат под карантин пред почеток на полицискиот час ќе заминат на продолжен викенд во некој од...

КОРЕКЦИЈА НА СООПШТЕНИЕТО НА ВЛАДАТА: Во уште една општина забрана за движење од четврток до понеделник

Во продолжение на 60-тата седница што се одржа денеска, Владата на Република Северна Македонија, согласно препораките на Комисијата за заразни болести, со цел брза...

ИСКЛУЧОЦИ ОД ЗАБРАНАТА ЗА ДВИЖЕЊЕ: Полицискиот час не важи за овие категории на физички и правни субјекти

Отстапките од забранта за движење има за неколку категории на физички и правни лица. Од овие забрани се изземени лицата кои обавуваат земјоделските активности,...

(Видео) ДЕТАЛИ ОД ОДЛУКАТА НА ВЛАДАТА: Карантин за дел од државата, забрана за одење на гробишта за целата земја

Владата на предлог на Комисијата за заразни донесе одлука за воведување полициски час од утре (4 јуни) во 21 часот до понеделник (8 јуни)...

Повеќе вести