August 13, 2020, 9:29 am

ДЕНЕС Е СПОМЕН НА Преподобен Исакиј Исповедник

Поврзано

Денеска е Св. Евдоким, Св. Јосиф од Ариматеја, Св. маченичка Јулита кападокиска и свештеномаченик Венимијам

Свети Евдоким е роден во Кападокија од благочестиви родители, Василиј и Евдокија. Во времето на царот Теофил (829 г....

Cвeтиoт cвeштeнoмaчeник Вaлeнтин

Беше епископ во италијанскиот град Интерамна. Го исцели болниот брат на римскиот трибун Фронтан. Кога се разболе Херимон, синот...

Денеска е Св. маченик Калиник

Свети Калиник пострада маченички околу 250 година. Беше родум од Киликија и се беше оставил заради проповедта на Евангелието....
- Advertisement -

Во времето на царот Валент настана големо гонење на Православието од страна на аријанците, коишто и самиот цар ги помагаше. Кога слушна за ова гонење, Исакиј, пустиник од некаде на Исток, ја остави пустината и дојде во Цариград за да ги храбри правоверните и да ги изобличува еретиците. Токму во тоа време царот Валент тргна на север со војска против Готите коишто од Дунав се спуштаа кон Тракија. Исакиј излезе пред царот и му рече: „Цару, отвори им ги црквите на правоверните и Бог ќе го благослови твојот пат!“ Но, царот го занемари старецот и го продолжи патот.

Утредента пак истрча Исакиј пред царот и му ја повтори својата опомена и царот за малку што не го послуша старецот, но го спречи еден советник од аријанците. Третиот ден истрча Исакиј пред царот, го фати неговиот коњ за уздата и го молеше царот да и даде слобода на Црквата Божја и му се закани со казна Божја ако ѝ се спротиви на молбата негова. Разјарен царот нареди и го фрлија старецот во некоја каллива јама. Четвртиот ден излезе Исакиј пред царот и му претскажа грозна смрт ако не им даде слобода на православните: „Ти велам, царе, ќе ја одведеш војската против варварите, но нема да им одолееш, ќе побегнеш пред нив, но тие ќе те фатат и жив ќе те изгорат.“ Така и се случи.

Варварите ја покосија грчката војска како трева, а царот побегна со оној свој советник аријанец и се скри во една колиба. Вараварите стигнаа на тоа место и дознавајќи каде е царот ја опколија онаа колиба и ја запалија, та изгоре царот Валент со својот советник. Потоа се зацари царот Теодосиј Велики, којшто чу за Исакиј и за исполнетото пророштво. Овој цар го повика кај себе старецот и му се поклони. Откако мирот се зацари во Црквата, а аријанците беа протерани, Исакиј сакаше да се врати во својата пустина, но царот го замоли да остане во Цариград.

Еден големец, Сатурнин, му изгради обител во којашто старецот до смртта се подвизуваше чинејќи многубројни чуда. Обителта се наполни со монаси и стана голем манастир. Пред својата смрт Исакиј го одреди за игумен Далмат, а по него оваа обител се нарече Далматска. Богоугодниот старец Исакиј се пресели во вечноста, во 383 година, за да се насладува гледајќи го лицето Божјо.

Latest News

Се чека на Koмисијата за зapaзни болecти и Владата да одлyчaт како ќе се одвива учебната година

– Комисијата за заразни болести, како што најави вчера министерот за здравство Венко Филипче, треба да има завршен состанок,...

Kopoнавирусот се пpeнесува пpeку зaмpзнaта храна, пронajден на пилешки крилца увeзeни од Бразил

Примерок на смрзнати пилешки крилца увезен од Бразил во Кина е тестиран позитивен на коронавирус, соопштија денеска локалните власти во јужниот кинески град Шенжен,...

Милчин за диноcaypyсите на Шилегов: Ceлото гopи, бабата се чeшлa

Поранешниот прв човек на „Институт Отворено општество – Македонија“, режисерот Владимир Милчин, на социјалните мрежи ја коментира најавата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов...

Бабата на Бoлсoнаро пoчинa oд КОВИД-19

Бабата на првата дама на Бразил почина во средата одкако цел месец се бореше со вирусот. Марија Апарецида Фирмо Фереира, била баба на Мишел Болсонаро,...

Џафepи ја откажа седницата за избор на претседател на Собранието, денес доби внук

Претседавачот на конститутивната седница Талат Џафери денеска го откажа продолжението на седницата, на која требаше да се избере претседател на Собранието, поради тоа што...

More Articles Like This