September 28, 2020, 10:30 pm

Денес е спомен на Светиот апостол Ерма:12. заповеди за убав живот

Поврзано

Сите верници денеска треба да започнат со оваа работа- се празнува Свети Никита

Денеска е Св. маченик Никита. Свети Никита по потекло беше Гот. Во негово време готскиот кнез Атанарик започна гонење на...

Чудо на Острог: Предупредувањето на Свети Василиј ми го спаси животот

Глас ме разбуди, седнав на креветот и знаев дека Свети Василиј ме предупредува Светлана Марковиќ, професор од Лазаревац, опишува како...

На Крстовден се претскажува времето: Денес е облачно и суво, еве каква ќе ни биде зимата според народните верувања

Праволсавните верници денес го слават Крстовден, а за овој празник се врзани многу православни обичаи. Кај нашиот народ се верува...
- Advertisement -

Еден од седумдесетте. Се спомнува во Посланието на светиот Апостол Павле до Римјаните (16, 14). Родум беше Грк, но долго време живееше во Рим. Беше епископ во Филипопол, а животот го заврши маченички. Според
откровение од Ангел Божји ја состави многупоучната книга „Пастир“. Ерма беше богат човек, но заради гревовите на своите синови западна во крајна сиромаштија. Еднаш на молитва му се јави човек во бела облека и со стап во рацете и му рече дека е тој Ангелот на покајанието којшто нему му е пратен за да го придружува до крајот на животот.

Ангелот му даде дванаесет заповеди: 1) да верува во Бога; 2) да живее во простота и невиност, да не злослови и да му дава милостиња на секого што проси; 3) да ја љуби вистината и да ја одбегнува лагата; 4) да го чува целомудрието во помислите; 5) да се учи на трпение и великодушност; 6) да знае дека покрај секој човек е поставен еден добар и еден зол дух; 7) да се плаши од Бога и да не се плаши од ѓаволот; 8) да прави секакво добро и да се воздржува од секое зло; 9) да Му се моли на Бога од длабочината на душата со вера; 10) да се чува од тагата, која е сестра на сомнежот и гневот; 11) да ги испитува вистинитите и лажните пророштва; 12) да се чува од секоја зла желба.
Светиот маченик Ермиј
Остаре како царски војник и на старост пострада за Христа. Откако злобниот судија залудно го одвраќаше од верата во Христа и залудно го советуваше да им принесе жртви на идолите, нареди и забите му ги исчукаа
со камења, а кожата од лицето му ја одраа со нож. Потоа го фрлија во огнена печка, но тој стана, сочуван од благодатта Божја. Потоа го испи најлутиот отров, којшто некој волх му го даде на наредба од судијата, но отровот воопшто не му наштети. Кога го виде тоа, волхот толку се изненади, што јавно Го исповеда Христа, за што веднаш беше убиен со меч. Потоа на Ермиј му ги ископаа очите, но тој не се жалеше, туку му викна на судијата: „Земи си ги овие телесни очи што ја гледаат суетата на светот, јас имам очи на срцето, со коишто јасно ја гледам Светлината на Вистината“. Потоа беше главечки обесен, но тие што го обесија ослепеа и се тетеравеа околу него. Свети Ермиј ги повика кај себе, ги положи рацете на нив и со молитва кон Господ им го врати видот. Кога го виде ова судијата се разјари како лав, па извади нож и му ја отсече главата на Божјиот човек. Христијаните скришно го зедоа телото на Ермиј и чесно го погребаа. Неговите мошти им даваа исцеление на сите болни и неволни.
Светиот маченик Философ
Овој Христов маченик беше родум од околината на Александрија. Во времето на прогонствата на христијаните, свети Философ не сакаше да се одрече од Господа Христа пред незнабожните кнезови и судии. Заради ова
незнабошците го ставија на лути маки. Откако беше мачен со најразлични маки, го положија најпосле во мека постела, му ги врзаа рацете и нозете и му пуштија една развратна жена да го наведе на грев. Кога светиот
Философ почувствува дека во него се буди желба од допирот на женските раце, тој со заби си го стегна јазикот, со сета сила го откина и го плукна во лицето на блудницата. Од тоа похотта во него згасна, а
блудницата толку се ужасна, што веднаш побегна од него. Потоа беше убиен со меч, околу 252 година, на млади години, па се пресели во царството на вечната младост.

Latest News

Докторатот на Јетон Шаќири на 21 година бил тexничка гpeшкa

Министерот за информатичко општество, Јетон Шаќири, денеска на првата официјална прес конференција соопшти дека дошло до техничка грeшка при...

Се огласи Пандев за состојбата со коронавирусот во клубот

Вечерва излезе веста за хаосот со Ковид-19 во екипата на Џенова. Имено, во Џенова се потврдени дури 14 случаи (8 фудбалери). Со оглед дека следи...

Мижите и се ситите на нeпрaвдaта врз Јанкуловска, ама аплаудирате на kpиминал и kopупција овие две години

Сите што мижите и се ситите на нeправда каде што Гордана Јанкулоска е ставена во затвop за Мерцедес набавен 20 пати поефтино од колите...

Ковачки: Шекеринска ја злoyпотреби apмијата, офицepи во apмиска униформа беа дел од спот на СДСМ што е kaзниво дело

Во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“, полковникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки упати низа kритики на адреса на...

Ковачки за Шекеринска и Пендаровски: Тоа се политички метузалеми, сѐ уште мислат дека живееме во времето на „општонapодна одбpaна“

Полковникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ упати жестоки kpитики на адреса на...

More Articles Like This