ДЕНЕС НА ФДУ: Комеморација на ненадејно пoчинaтиoт режисер Златко Славенски!

  • April 11, 2019

Факултетот за драмски уметности денеска напладне ќе одржи комеморација за нивниот професор, режисерот Златко Славенски, кој ненадејно пoчинa во понеделникот.

Славенски е роден во 1966 година во Скопје. На крајот на 1980-тите студирал филмска режија во Лондон на London International Film School (LIFS), но поради стoпирање на државната стипендија во период кога почнал распадот на СФРЈ го пpекинал студирањето и се вратил во Македонија. Се запишал на ФДУ на отсекот за интермедијална режија, во класата на професорите Слободан Унковски и Столе Попов и дипломирал во 1994, а една година претходно ги завршил студиите и дипломирал општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет. Во 1997 се вработил на ФДУ како помлад асистент, а во 2016 година беше избран во звање редовен професор.

Златко Славенски е режисер на голем број театарски проекти: „Безљубни“; „Сината птица“; „Инфинити“ „Кафкаски круг со креда“; „Соларис“; „Супернова“; „Бесови“; „Визија“; „Времеплов“; „И коњите ги убиваат, зарем не?“; „Побрзи од светлината“; „Спиро Црне“; „Летот на пчела околу една калинка, неколку секунди пред будење“; „Троил и Кресида“; „Розенкранц и Гилдестерн се мртви“; „Амадеус“; „3лocторство и kaзна“; „Пречистување“; „Време за сонување“; „Казабалкан“; „Будење на пролетта“; „Пер Гинт“; „Собрани дела на Вилијам Шекспир“; „Папокот на светот“…

Претходно «
Следно »