ДЕНЕС НЕ ОЧЕКУВА ОБЛАЧНО ВРЕМЕ СО ПОВРЕМЕН ДОЖД: На планините врнежите ќе бидат од слаб снег

  • January 12, 2020
  • Коментари

Времето во земјава денеска ќе биде претежно облачно и од изутрина со повремен дожд кој особено на југозапад и на повисоките места ќе преминува во слаб снег. На планините врнежите ќе бидат од слаб снег.

Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус 2 до минус 5, а дневната од 1 до 7 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 2, а дневната ќе достигне до 6 степени.

Во наредниот период ќе се задржи стабилно време со услови за појава на магла по котлините.

Претходно «
Следно »