December 4, 2021, 5:45 pm

Денес облачно време со магла, утре дожд и снег

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето денеска ќе биде променливо облачно со утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, особено изразен вдолж Повардарието каде кон крајот на денот повремено ќе засилува.

Утринската температур ќе се движи од 1 до 7 степени, а максималната дневна ќе биде во интервал од 6 до 13 степени.

Слично време се очекува и во Скопје каде максималната дневна температура ќе достигне 13 степени.

Утре се најавува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на места пообилни, особено претпладне во западните делови. На повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Попладне врнежите ќе престануваат. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Latest News

(Видео) Ѓорѓиевски: Несовесен граѓанин фатен како иcфрла отпaд на местото каде што се гради новиот парк во Драчево, ќе биде kaзнет доколку не го...

Денес, несовесен граѓанин се обидел да истури отпад на местото каде што се гради новиот парк во Драчево. Градоначалникот...

More Articles Like This