ДЕНЕС: Регулаторна ќе ги објави новите цени на горивата!

  • June 10, 2019
  • Коментари

Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ги соопшти новите цени на горивата, кои ќе важат од полноќ.

РКЕ по најавената измена или нова методологија за цените на горивата ги нaмaли цените минатиот понеделник.

Засега цената на „еуросупер 95“ е 69,50 денари за литар, „еуросупер 98“ е 72 денара за литар, а „еуродизелот“ се продава за 62,50 денари. Екстра лесното масло, се продава по цена од 52 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС сега е 35,118 денари.

Претходно «
Следно »