Денес северен ветер, утре снег

  • November 15, 2018

Времето денеска ќе биде умерено облачно со умерен, а особено долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.

Во Скопје умерено облачно со умерен, а на моменти и засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 12 степени.

Под влијание на студена воздушна маса од север следува период на променливо облачно и студено време. Од утре ќе има услови за локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег, особено во јужните и западните делови од земјава.

Претходно «
Следно »