ДЕНЕС СЕ ПРАЗНУВА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА – МАЛА БОГОРОДИЦА

  • September 21, 2019

Пресвета Дева Марија беше родена од своите стари родители, Јоаким и Ана. Татко ѝ беше од племето Давидово, а мајка ѝ од родот Аронов. И така Таа по татко беше од царски, а по мајка од архиерејски род и со тоа го предобразуваше Оној Кој од Неа ќе се роди, како Цар и Првосвештеник.

Нејзините родители беа веќе остарени, а немаа деца. И затоа беа посрамени пред луѓето и скрушени пред Бога. И во својата скр ушеност Му се молеа на Бога со пл ач, да ги израдува во нивната старост и да им подари едно чедо, како што некогаш ги израдува старецот Авраам и старицата Сара подарувајќи им го синот Исак. И семоќниот Бог Кој гледа сè ги израдува со радост што ги надминуваше сите нивни очекувања и најубави соништа. Бидејќи им подари не само ќерка туку и Божја Мајка; ги озари не само со привремена радост туку и со вечна.

Бог им даде само една ќерка, која подоцна им роди само еден внук – но каква ќерка и каков внук! Благодатната Марија, прославена меѓу жените, храм на Светиот Дух, олтар на Живиот Бог, трпеза на небесниот леб, кивот на светоста Божја, дрво со најсладок плод, слава на родот човечки, пофалба на женскиот род, источник на девственоста и чистотата – тоа беше од Бога даруваната ќерка на Јоаким и Ана. Родена во Назарет, а по три години одведена во храмот ерусалимски, од каде што се врати подоцна пак во Назарет, за наскоро да ја чуе благовеста на Светиот архангел Гавриил за раѓањето на Синот Божји, Спасителот на светот, од Нејзиното пречисто и девствено тело.

Во чест на денот на раѓањето на Марија, Богородица мајката на спасителот Исус Христос, христијанската црква го востановила празникот познат и како Мала Богородица, што секоја година се празнува на 8 септември според стариот или 21 септември според новиот календар.

Народот верува дека Света Богородица е заштитничка на леунките, поради тоа, кога жените раѓаат ја повикуваат да им помогне да помине полесно.

Исто така се верува и дека тааим помага на жените кои немаат деца. Затоа тие жени одат во црквите посветени на Богородица и се молат пред нејзините икони.

Следниот ден, 22 септември црквата го празнува споменот на нејзините родители Јоаким и Ана.

Претходно «
Следно »