ДЕНЕС ЌЕ СЕ ЗНАЕ: Продолжува расправата за уставните измени

Поврзано

Утре ќе се вакцинираат пратениците

Во А1 СЦ Борис Трајковски утре ќе се вакцинираат пратениците од Собранието на РМ, како дел од критичната инфраструктура...

Груевски најави нова фабрика на Кемет Електроникс во Македонија

Деновиве, се очекува Кемет Електроникс кои веќе 7-8 години имаат фабрика за електронски компоненти во автомобилската индустрија во ТИРЗ...

Ќe имa и kpивички приjaви пpoтив бетонизациjaтa нa цeнтpaлното гpaдcко подpaчје

Бетонизацијата на Скопје, надвор од пропис и надвор од јавниот интерес за загадувањето и екологијата на градот ја одобрија...
- Advertisement -

Пратениците во македонското Собрание денеска треба да ја продолжат расправата за потребата од уставните измени, а не се исклучува можноста дискусијата да биде исцрпена и да се пристапи кон гласање, со оглед дека опозициските пратеници претходно ги откажаа дискусиите.

Останува нејасно дали во Собранието ќе биде обезбедено двотретинско мнозинство, колку што е потребно да се пристапи кон уставните измени како една од обврските од Договорот од Преспа.

– Верник сум, верувам во чуда, па и во двотретинско мнозинство – изјави вчера премиерот Зоран Заев и уште еднаш ги повика пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ да дадат поддршка на Договорот од Преспа и да ги поддржат уставните измени.

Од друга страна, од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека се единствени и дека нема да поддржат промена на Уставот со цел промена на уставното име на државата.

Latest News

(Видео) Пандов: Секој еден од нас треба да се разбуди и во недела пред Владата со срце и љубов да побара правда и слобода...

Претседателот на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ Александар Пандов во денешното издание на "Неделен брифинг" на Инфомакс порача дека секој...

More Articles Like This