ДЕНЕС ЌЕ ЈА ВИДИМЕ СЕТА БЕДА ВО ПОЛН СЈАЈ: Пандов во пресрет на пресудата против Никола Груевски

  • May 23, 2018
  • Коментари

Аналитичарот Александар Пандов, во исчекување на пресудата во случајот „Тенк“ против екс-премиерот Никола Груевски, смета дека денес јавноста ќе биде сведок на сета беда и потчинетост на Македонското судство, а пресудата ќе биде „правна поука“ за оние кои се спротивставуваат на меѓународната заедница

„Денес, исто како и пред два дена, во полн сјај ќе ја видиме сета беда, очај, подчинетост и корумпираност во која се наоѓа македонското судство. Денес ќе слушнеме политичка пресуда која како правна поука ќе биде не за Груевски, туку за секого кој се спортиставува на ”меџународна” во спроведување на нивните планови и политики. Моментот е идеално одбран. Само пред неколку дена дознавме дека и уставно ќе бидеме ерга омнес, а Димитров во Њу Јорк со Коѕијас веќе ги договара техникалиите како сето тоа да го спроведат! И погодувате, ако Заев поради неговата сервилност и уценетост прифаќа и спроведува бришење и обезличување на Македонија и се македонско, го прогласуваат невин, Груевски поради противењето и отпорот кој го пружаше ќе ја добие првата, во низот на фактури од ”меџународна”, а формално истата ќе биде прочитана од некој корумпиран судија. И во 2003 г. кога протестирав пред истиот суд против политичкиот прогон од СДС кон Ламбе и Војо знаев дека нема ништо да сменам во делот на судската пресуда, но и тогаш, а и денес знам дека со моето физичко присуство на протест пред судот ќе испратам порака до нарачателите и нивните овдешни спроведувачи дека сево ова нема да биде заборавено и ќе дојде време кога тие истите ќе треба да си платат за сиот зулум што ни го прават“ – пишува Пандов на својот ФБ профил.

Претходно «
Следно »