ДЕН ДОНЧЕВ БИЛ СНИМЕН ВО „PEKET 2“: Дали Кичеец заедно со Дончев и Филипче го peкетирале „Дијамед“?

Поврзано

ТРИПУНОВСКИ ЗА ДИМКОВСКИ: Јас го разбирам, но нe го оправдувам откако втор пат бeга од ТВ ДУЕЛ со него

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство од СДСМ Трајан Димковски втор пат бега од телевизиско соочување со дополнителниот заменик...

ТРИПУНОВСКИ: Приоритет за ВМРО-ДПМНЕ ќе биде аграрниот сектор и водостопанството

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во вечерашното гостување во еимсијата Што не е јасно...

Истрагата околу случајот Рекет 2 за кој Обвинителството за организиран криминал води постапка против лица кои рекетирале македонски бизнисмен, сопственик на фирма која дава услуги за дијализа – Дијамед при намера фирмата да ја продаде на странски партнер, и тоа во еден случај е барана половина од фирмата да се даде на рекетарите, а во друг случај откако е тоа одбиено да плати три милиони евра, пренсеува „Вечер“

Словенечката телевизија Нова 24 објави дека Зоран Милески Кичеец и се јавил на Вера Иванова, жртвата во аферата Рекет 2 за да ја уценува, дека ако не се предомисли за продажбата на нејзината фирма Дијамед ќе следела истрага против неа. Телевизијата објавува дека тој заканите ги остварил на дело, затоа што само еден ден откако Иванова го одбила ваквиот предлог, обвинителството покренало истрага.

– „Само ден подоцна, на 26 октомври, обвинителката Вилма Рускоска најавила дека нејзиното обвинителство ја истражува работата на фирмата Диамед. Две недели подоцна следува поголем шок. Обвинителството ги замрзнува средствата на сопственичката на Диамед, 11 милиони евра, стекнати од продажбата на фирмата на шведскиот стратешки партнер“ – се наведува во текстот на Нова24.

И додека оштетената Вера Иванова тврди дека Ден Дончев, директорот на Фондот за здравство, и Зоран Милевски Кичеец се познаваат, Дончев на официјална прес конференција негираше и тврдеше дека еден од главните актери во аферата Рекет со Боки 13 го знаел од телевизија, но не остварил лична средба со него. Министерот за здравство Филипче, кој има и директни надлежности во овој случај, се уште молчи.

Вера Иванова поднесе кривична пријава против Ден Дончев, но и против министерот за здравство Венко Филипче, во која двајцата ги обвини дека ја злоупотребиле својата службена положба и презеле дејствија со цел да се спречи странската инвестиција, што резултирало и со блокирање на нејзината сметка во Монако. На оваа сметка Швеѓаните легално префрлиле околу 8 милиони евра од вкупно 11,5 милиони, а Иванова тие пари, како и парите палтени на сметка на една домашна банка, уредно ги пријавила во УЈП.

Во пријавата, Иванова тврди дека од неа било барано да ја запре продажбата, но таа одговорила дека тоа веќе не е можно, бидејќи договорот е потпишан.

– Тогаш ми беше речено, ако навистина ја зборувам вистината, да им дадам половина од колачот, во спротивно ќе ми ги пуштат ОЈО и Финансиска полиција и ќе ми ги земат сите пари од продажбата. Јас одговорив дека не доаѓа предвид ниту една варијанта, а подоцна од медиумите дознав дека почнале истрага против мене – сведочи Иванова.

Порталот ВЕЧЕР од извори во истрагата дознава дека на распит, три пати досега, бил и поранешниот министер за здравство Никола Тодоров кој нема поврзаност со рекетот, но се истражува можен криминал од негова страна при одлуки за тенедери кои се поврзани со Диамед.

Зоран Милевски Кичеец, спорад сознанијата на „Вечер“ е клучен сведок и во „Рекет 2“ и неговите изјави потврдуваат вмешаност на Ден Дончев во рекетирање за Диамед. Како и во случајот Рекет со Боки 13, Кичеец дава детали кои се корисни за истрагата и водат во правец на докажување на кривичните дела и за Рекет, како и во случајов за Рекет 2. Според наши сознанија постојат и снимки, како и записи за текот на настаните, кои го теретат Ден Дончев за рекетирање.

Од причини што деталите за рекетирањето помагаат на истрагата може да се очекува Зоран Милевски Кичеец на крајот од судењата да заврши со лесна пресуда за помагање во делата или, доколку своите изјави ги повтори и пред судот, целосно да биде ослободен како заради соработка со обвинителството така и заради немање улога во креирањето на рекетите

Актуелно

ГОЛЕМОТО УВО Е НА БИХАЌКА: Чулев открива скандал – АНБ незаконски ја задржала техничката можност да прислушува

Министерот за внатрешни работи бара од ЈО по допрен глас да отвори истрага за одговорност. Чулев на денешната прес-конференција...

СОСОЈБАТА ЕСКАЛИРА: 38 нови случаи на коронавирус во Македонија, има и починати

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти во: Скопје-1, Куманово-1, Прилеп-4, Велес-9, Битола-1. Починаа двајца пациенти од Тетово....

ЈА ЗАГУБИ БИТКАТА ЗА СВОЈОТ ЖИВОТ: Почина првиот здравствен работник во Македонија од коронавирусот

Со жалење сакаме да ја известиме јавноста дека од КОВИД -19 почина и првиот здравствен работник. Фармацевтска комора на Македонија загуби почитуван...

(Фото+Видео) БРУКА НЕВИДЕНА: Скопје има нова населба со име на борец од УЧК, имаше и свечено „отворање„

Табла со името „Арбен Бајрами“ деновиве беше поставена во Долно Оризари – Скопје. Како што пренесува порталот на албански јазик „Ина онлајн“, таблата била...

РУСКОВСКА ФАТЕНА ВО ЛАГА-ЗАЕВ НЕ ГО ПРИЈАВИЛ СЛУЧАЈОТ?: И се згадило кога Камчев ѝ кажал што се случувало

Што очекувате од личност што буквално секоја вечер го поминуваше по кафаните и рестораните со највисоките луѓе од СДСМ, рече вечерва генералниот секретар Игор...

Повеќе вести