ДЕСКОСКА КОНТРА ФИЛИПЧЕ:Барајте си други начини да ги едуцирате родителите за вакцините – децата мораат во основно

  • January 4, 2019

Ниту едно дете не смее да остане надвор од образовниот систем – порачаа од Министерството за образование во април минатата година. Во изјава за ТВ 24 од кабинетот на тогашната министерка за образование Рената Дескоска, сега актуелен министар за правда истакнале дека вакцината не може да биде услов за упис во градинка и училиште. Тогаш излегоа со порака до здравствените власти – да најдат други механизми со кои ќе ги едуцираат родителите и ќе го зголемат опфатот на имунизација.

– Во Уставот на Република Македонија, е наведено дека основното образование е задолжително. Ова значи дека ниту едно дете не смее да остане надвор од образовниот систем. Потребни се мерки и кампањи од едукативен карактер за придобивките од вакцинацијата, советувања за родителите кои не ги вакцинираат своите деца, но и санк ции, истакнаа од Министерството за образование за ТВ 24 во април минатата година.

Претходно «
Следно »