ДЕСОРОСОИЗАЦИЈА ПОЧНУВА ВО УНГАРИЈА: Орбан и пратениците од неговата партија до мај ќе го донесат законот „Стоп Сорос“

  • April 9, 2018
  • Коментари

Владеачката коалиција во Унгарија, која на изборите освои две третини од мандатите во парламентот, ќе може слободно да го изгласа т.н. закон „Стоп Сорос“, со кој ќе се забранат сите активности на промиграциските невладини организации, изјави денес шефот на пратеничката група на унгарската партија Фидес, Јанош Халас

До крајот на месецот парламентот ќе продолжи со работа, рекол тој и додава дека тој закон ќе биде усвоен уште во мај, пренесува МТИ.

„Никој не се сомнева – тоа е прашање на суверенитет и безбедност на државата“, рекол тој.

Говорејќи за изборните резултати, според кои партијата освои 133 места во парламентот, Халас вели дека е воодушевен од истите, како и дека граѓаните сфатиле дека се работи за „судбоносни избори“.

„Мораме да работиме на борбата против миграцијата, но животот оди понатаму и мораме да осигураме дека трошоците ќе паѓаат, а платите ќе растат“, рекол тој.

Претходно «
Следно »