Дестинација во Македонија која мора да ја посетите: Мир и волшебна убавина која ќе ве освои на прв поглед

  • July 11, 2019

Без разлика на интензитетот на активности со кои се соочувате, секогаш треба да најдете време за себе и да се релаксирате на добро место со вашите најсакани.

Освен времето, важно е да ја најдете и вистинската дестинација на која ќе поминувате мигови со саканите. Дестинацијата треба да биде мирна, убава, далеку од градскиот метеж и совршена за пријатни моменти на среќа.

Ние веќе ја одбравме вашата дестинација за опуштање, ресторанот Бакал во тетовското село Брвеница. Дозволете ни да ги испланираме сите ваши важни моменти на хармонија, спокој и радост.

Кога ќе пристигнете во Бакал, ќе ве воодушеви волшебната градина која наликува на оние кои ги гледате само по списанијата и помислувате дека ги нема кај нас. Градината на Бакал е идеално место за долги попладневни седенки со сите оние луѓе кои се важни во вашиот живот, оние кои ве насмевнуваат, оние кои ве прават среќни. Колоритните цветни аранжмани, фонтаната која нуди релаксирачки звуци и глетки кон зелените дрвја кои ќе ве наполнат со енергија и свежина.

А, луѓето кои се важни во вашиот живот треба да се хранат само со најдоброто, нели? Ресторанот Бакал нуди богато мени, со највкусните јадења кои ќе го задоволат и најпребирливиот човек. Од вегетаријанска храна, па се до неодоливи специјалитети од месо, Бакал ќе ги разбуди сите ваши сетила.

Во „Бакал“ секој ден на мени има свежо печено јагне, јаре, прасе, свежа риба како дел од традиционалните македонски јадења, како и интернационална храна, како подгорче, капама, ѓомлек, но и foie gras, magre, t bone steak, tatar beef и многу повеќе, за секого по нешто. Специјално за потребите на ресторанот се одгледува органски зеленчук, домашно младо козјо сирење, а една од содржините на угостителскиот објект е и домашната пекара, каде се произведува домашен леб и бели пецива. Се прави р’жан леб од ржано брашно, мелено на камен, каде 90 % од лебот го содржи тоа брашно без никакви бои и адитиви, како и пченкарен леб исто така од пченка меленана камен, а и неколку лебови по француска рецептура.


А кога добрата храна подготвена од врвните кулинарски мајстори е комбинирана со одличен амбиент, задоволството и среќата доживуваат кулминација.

Претходно «
Следно »