ДЕТАЛИ ЗА ГОЛЕМАТА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ТЕТОВСКО: Во голема акција на полицијата убиен криминалец од тетовско Ларце!

  • June 4, 2018
  • Коментари

Денеска во раните утрински часови, во село Ларце, тетовско, припадници на МВР по претходно изготвен план, презеле мерки за апсење на 38-годишен жител на селото, кој се барал со меѓународна и централни потерници за издржување вкупна казна затвор во траење од 26 години и 10 месеци.

Како што информираат од МВР, станува збор за лице против кое во периодот од 2000 до 2016 година, до ОЈО Тетово и ОЈО Скопје се поднесени шест кривични пријави за сторени 16 тешки форми на кривични дела меѓу кои и „убиство”, „убиство во обид”, „грабнување”, „противправно лишување од слобода”, „недозволено држење на оружје или распрскувачки материи”, како и кривични дела „тешка кражба”, „разбојничка кражба”, „одземање на моторно возило”, „тешка телесна повреда” и „учество во тепачка”.

Во периодот кога 38-годишниот Ј.Р. се наоѓал во бегство, во четири наврати биле направени обиди за негово апсење, меѓутоа во сите случаи истиот пружил активен отпор со употреба на различни видови на оружје кон полицијата.

Со оглед на безбедносните проценки, дека разбојникот претставува безбедносна и сериозна закана по животот на граѓаните и за полициските службеници, подготвен бил посебен план за негово апсење и приведување.

Денеска во раните утрински часови, во неговата куќа во селото Ларце, тој фрлил рачна бомба кон полициските службеници, а потоа се дал во бегство, облечен во панцирен елек, вооружен со автоматска пушка со три рамки со куршуми за автоматска пушка, со карабин, пиштол марка ТТ 7.62 со рамка куршуми и четири рачни бомби.

При повторниот обид за негово апсење на околу 200 метри од неговата куќа, лицето повторно отворило оган кон полицајците, притоа повторно обидувајќи се да фрли и рачна бомба кон нив, по што било возвратено од страна на полициските сили и разбојникот бил убиен на самото место.

На местото на настанот во тек е увид од Јавен обвинител од ОЈО Тетово, увидна екипа од СВР Тетово, лекар по судска медицина и стручни служби од Министерството за внатрешни работи.

Претходно «
Следно »