ДЕТАЛИ ЗА ЗЕМЈОТPЕСОТ: Бил почувствуван во неколку градови!

  • June 14, 2019

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќва во 2 часот и 20 минути регистрирше земјотpес чиј епицентар се наоѓа на 140km југозападно од Скопје и потекнува од охридското епицентрално подрачје.

Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 3.8, а беше најcилно почувствуван во југозападниот дел од Републиката, и тоа најcилно од населението во Охрид и Струга со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала.

Во Ресен со интензитет од IV-Vстепени, во Битола, Кичево, Крушево и Дебар со IV степени, во Прилеп со интензитет од III-IV а во Скопје, Гостивар и Тетово со интензитет од III степени според истата скала.

Претходно «
Следно »