ДЕТАЛИ ЗА ПАЛЕЊЕТО НА АВТОМОБИЛОТ НА ПРАТЕНИЧКАТА: Изгоре „Леонот“ на пратеничката од Виница која гласаше за двојазичност

  • March 15, 2018

Министерството за внатрешни работи потврди дека вчера бил запален автомобилот на пратеничката Славица Шуманска – Митева од СДСМ. Според полицијата настанот се случил синоќа околу 01.30 часот во Виница на улица „Славчо Стојменски“.

„Непознати сторители, откако претходно го скршиле стаклото на патничко моторно возило „Сеат Леон“ со винички регистарски ознаки, сопственост на С.Ш.М., ја полеале внатрешноста на возилото со запалива течност и ја запалиле. Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Славица Шуманска – Митева, гласаше за законот за двојазичност на вчерашната седница на Собранието на Р.Македонија и покрај бројните предупредувања и барања на граѓаните истиот да се спречи.

Претходно «
Следно »