ДЕТАЛИ ЗА ТЕШКАТА СООБРАЌАЈКА: Двајца возачи се здобиле со тешки повреди во сообраќајка кај „Александар Палас“

  • February 20, 2018

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа која денес околу 14:10 часот се случила на булеварот „8-ми Септември“ во Скопје, информираат од МВР.

-Собраќајната незгода се случила меѓу патничко моторно возило “Мазда“ со штипски регистерски таблици, управувано од Љ.К.(66) од Виница, и патничко моторно возило “Фиат“ со скопски регистерски таблици, управувано од Д.И.(33) од Скопје. Во незгодата со повреди се здобиле двајцата возачи и со возила на Итна медицинска помош Љ.К. бил пренесен во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“, додека Д.И. бил пренесен во Градската општа болница “8-ми Септември“, информираат од МВР.

Од полицијата информираат дека увидот е се уште во тек.

Претходно «
Следно »