ДЕТАЛНО АНАЛИЗИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО: ДОАЃА СТУДЕН БРАН!

  • August 9, 2016

 Утре (10.08.2016) како и задутре (11.08.2016) во предпладневите часови очекуваме преодна стабилизација на времето која ќе донесе претежно стабилно , суво и топло време. Максималните температури утре ќе се движат во интервал од 30 до 37 степени.

Во четврток максимумот на температурите во Македонија ќе се движи во интервал од 30 до 38 степени. Веќе од четврток попладне и навечер поради продор на студен бран од север се очекува нова промена на временската состојба во Република Македонија која овој пат би била повеќе почустувана во ветерот и падот на температурите.

Четврток доцна попладне како и во текот на ноќта кон петок но и во петок ќе дува ЗАСИЛЕН , на некои места СИЛЕН ветер од северен правец кој ќе достигнува брзина од над 60 км/час. Во ваков случај мора да предупредиме дека поради јачината на ветерот можни се материјални штети па затоа превземете соодветни мерки и заштите те се. Исто така во четврток доцна попладне , во вечерните часови како и во текот на ноќта кон петок исто така и во петок облачноста ќе се зголеми па се очекуваат повремени локални врнежи од дожд. Локално можен е развој на нестабилна облачност проследена со дожд и грмежи.

13942581_1018763108239396_2140604493_n

 

Од четврток доцна попладне очекуваме и значителен пад на температурите и тоа за повеќе од 10 степени.

Во петок и во сабота ќе биде значително посвежо кога температурите во Македонија ќе бидат далеку под просекот за овој месец и ќе се движат во интервал од 20 до 28 степени. Мора да напоменеме дека и по овој студен бран кој доаѓа, некое големо затоплување и летни горештини нема да има.

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Ситуацијата и развојот на временските прилики будно се следи па затоа за секоја нова промена на метеоролошките модели ќе бидете навремено известени.

Временската прогноза ја подготви Славчо Попоски.

 Придружете се и бидете и вие дел од ПОПУЛАРНАТА фејсбук група: ИНФОРМАЦИИ ЗА ВРЕМЕНСКАТА СОСТОЈБА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА! Следете го интернет порталот и фејсбук страница: Meteo24.mk!

Претходно «
Следно »