Детаљ при покажувањето на бебето откри како навистина се чувствува Меган

  • May 9, 2019
  • Коментари

Стручњаците за говор на телото веднаш откако Меган и принцот Хари го покажаа новороденото бебе го проучуваа нивниот прв однос во јавноста со бебето.

Па така светските медиуми пренесуваат дека Џуди Џејмс тврди дека говорот на тело на Меган открива дека таа се однесува заштитнички и дека имала блага несигурност околу покажувањето на бебето во јавноста.

-Кога Меган ја употребила фразата „моите две најдобри момчиња“ таа природно мислела за сопругот и синот. Принцот целото време го држел бебето нежно гледајќи го, а во еден момент и му ја подигна капата на главата. Целото време Меган седела до него и му давала мајчинска поддршка и охрабрување, смета Џејмс.

Таа додава дека Хари делувал доста самоуверено додека го држел бебето. Многу други машки членови од кралското семејство ги држат своите потомци како да држат скапа вазна, додека тоа не било така со Хари.

-Додека си заминуваа Меган го потапша Хари по грбот со што на некој начин покажа дека тој е добар татко кој се грижи за нив. А потоа и го фатила за рака што значи дека таа сега се чувствува како заштитничка на двајцата.

Претходно «
Следно »