Детaли за дивeeњeто во „Трибека“: Уaпceни две лица на возраст од 19 и 28 години

Поврзано

Пpoнajдeни 120 нacaди kaнaбис вo дeмиpхиcapcкo – овa ce дeтaлитe

Полициски службеници во текот на вчерашниот ден во с.Боиште, демирхисарско, во дворни места од напуштени и руинирани куќи откриле...

Тинejџep co aвтoмoбил удpил вo пeшaк – лицeтo ce здoбилo co тeшки пoвpeди..

На 10.05.2021 во 13.30 часот било пријавено дека во Крива Паланка, на крстосница од ул.„Св.Јоаким Осоговски“ и ул.„Гоце Делчев“,...

Пpивeдeни тpи лицa oд гocтивapcкo – пpи пpeтpec вo нивнoтo вoзилo пpoнajдeн хepoин

На 10.05.2021 околу 15.30 часот во атарот на гостиварското село Врапчиште, од страна на полициски службеници на СВР Тетово...
- Advertisement -

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица, жители на Скопје, на возраст од 19 и 28 години, за кои постои основано сомнение дека го сториле кривичното дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничените на 20 февруари 2021 година, околу 19:30 часот, во просториите на угостителскиот објект „Трибека„ во Скопје, заедно во група ги малтретирале, грубо навредиле и ја загрозиле сигурноста на две лица.

Воедно, во јавноста предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв. Осомничените заедно со еден од оштетените влегле во објектот, седнале на маса и го повикале второто оштетено лице да им се придружи.

Откако оштетениот им се придружил, еден од осомничените веднаш започнал со тупаници да го удира по лицето. На ваквите дејствија се спротивставило лицето кое заедно со нив влегло во објектот, но осомничените почнале и него да го удираат со тупаници по лицето и носот, нанесувајќи му тешки телесни повреди.

Веднаш потоа, еден од осомничените изреволтиран од зборувањето по телефон на една од гостите , започнал вербално да ја навредува, го одзел нејзиниот телефон и го скршил, а потоа започнал да го крши и инвентарот во угостителскиот објект.

Во насока на натамошно непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за определување на мерка притвор за осомничените

Latest News

Bpaбoтeни вo cпopтcки oблoжyвaлници: „Издpжyвaмe фaмилии, плaќaмe кpeдити и бapaмe caмo дa paбoтимe“

Вработените во спортски обложувалници денес одржаа прес-конференција пред Владата на Македонија, на која ги изнесоа своите ставови во врска...

More Articles Like This