ДЕФКОН СИСТЕМОТ ГО ЗАПАЛИ АЛАРМОТ: Зголемено нивото на закана од нуклеарна војна – американскиот систем на предупредување премина на ДЕФКОН 4

  • April 12, 2018
  • Коментари

Со оглед на тоа дека целиот свет чека на одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп за можните одлуки за напад во Сирија, независниот систем за предупредување на нуклеарна војна објави предупредување за конфронтација меѓу Русија и САД.

Овој систем следи колку силите на САД се подготвени за одбрана, а позната е под името ДЕФКОН и претставува и ситем за предупредување кој го користела американската војска, како би препупредила на ризик од нуклеарна војна.

Системот има пет нивоа на подготвеност или состојба на предупредување, кои се движат од ДЕФКОН 5, без опасност до ДЕФКОН 1, најголема опасност.

„Во моментот нема непосредна нуклеарна опасност по САД, сепак има настани кои се случуваат на светската сцена кои бараат внимание.

Неодамнешниот хемиски напад во Сирија ги стави Русија и САД во позиција на можен вооружен конлфикт. Додека двете страни обвинуваат и демантираат, во моментов сме преку фактот кој всушност е одговорен и речиси на точка од која кризата ќе се интензивира со сопствен моментум.

Постојат различни извештаи за преместување на воени ефективи во позиција, а Русија и Сирија сметаат дека удар од САД е неизбежен.

И Русија и САД зборуваа со силна реторика по однос на инцидентот. САД предупреди дека ќе превземе одлучна акција, а Русија дека ќе одговори агресивно на секој напаѓач. Двете страни се ставија во позиција во која ќе мора да превземат акција.

Системот ДЕФКОН во моментот ги мониторира позициите на воените ефективи.“ – стои во соопштението на системот за предупредување кој важи за најрелевантен кога станува збор за светската безбедност и безбедноста на САД.

Претходно «
Следно »