ДЕФEKT НА АВТОБУСОТ ОСТАВИЛ СКОПСКИ СРЕДНОШКОЛЦИ СО СААТИ НА АВТОПАТ ВО УНГАРИЈА: 40 деца од „Васил Антевски Дрен“ чекале со саати на автопатот кај Будимпешта

  • April 1, 2019

40-тина средношколци од скопското економско училиште „Васил Антевски Дрен“ од 4 часот утрово чекаат на автопатот кај Будимпешта откако на автобусот му блокирале тркалата.

Претходно автобусот откажал и на мост, но возачите го поправиле и продолжиле. Загрижени родители сведочат за ЛИБЕРТАС дека децата се вознемирени и им рекле да чекаат да дојде друг автобус со кој ќе се вратат во Скопје.

Другите два автобуса продолжиле, а учениците од расипаниот автобус останале да чекаат на автопатот.

Учениците од средното економско пред пет дена заминале преку агенцијата Ројал Травел на петтдневна екскурзија низ Европа. Родителите кои ни се јавија се револтирани и велат дека ке бараат одговорност од агенцијата зошто со вакви неисправни автобуси се дозволува вакви долги патувања и е загрозена безбедноста на нивните деца.

Претходно «
Следно »