December 9, 2021, 11:44 am

Децата на Вардар kpoјат изненадување за умоpниот Силекс

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во дербито на третото коло младиот тим на шампионот го чека ривалот што играше квалификации во ЛШ место нив

Подмладениот тим на Вардар и одличниот стратег Александар Васоски кројат изненадување за уморниот тим на Силекс, кој имаше долго патување до Баку и назад, за мечот што го загубија од Карабах со 4:0 во првото квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Мечот со Скопје е дерби на третото коло во новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, а од 17 часот ќе играат актуелниот првак и тимот кој му го зема местото во квалификациите за ЛШ.

Вардар поради финансиски проблеми не доби лиценца за европски настап, па Силекс играше во квалификациите за ЛШ и веднаш испадна.

Кратовци имаат поискусен состав со солиден квалитет за македонското првенство и се фаворити денеска како гости во Скопје кај најтрофејниот наш клуб.

Вардар сепак има штоф и добри млади играчи, засилени со неколку искусни играчи кои дојдоа во последен миг во летниот трансфер период и ќе се обидат да ја забележат четвртата победа по ред против Силекс, кога Кратовци им гостуваат во Скопје.

Уште еден интересен дуел од 17 часот ќе се игра во Битола, а непоразениот Пелистер му е домаќин на осетно засилениот тим на Работнички.

Двете екипи играа пријателски меч пред неполн месец и славеа романтичарите со 2:0, но Пелистер е секогаш незгоден домаќин во Битола.

Во третиот денешен меч од третото коло Струга ќе се обиде да ја забележи првата победа против Борец, кој е гостин, но е и непоразен по двете стартни кола во ПМФЛ.

Latest News

Стефковски: Сѐ додека сум јас градоначалник нема да дозволам отворање на индустриски капацитети за загадувачка индустрија

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, утрово беше гостин во ,,Утрински брифинг” на СлободнаТВ. Стефковски истакна дека во периодот...

More Articles Like This