ДЕЦАТА ЌЕ ОСТАНАТ БЕЗ ПРОФЕСОРИ: Поради ниските плати нема доволно кадар по природните науки

Поврзано

Неизвесен 1.септември: Ќе седнат ли децата во училишните клупи?

Дали учениците ќе седнат во школските клупи од 1.септември? Ова е прашањето што уште од сега ги мачи најголемиот...

Избран ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“

Универзитетската изборна комисија ја објави Одлуката за утврдување избран кандидат за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ според...

Скандалозна постапка за избор на ректор на УКИМ

Во последните денови, јавноста е сведок на скандалозна постапка за избор на ректор на најреномираниот универзитет во Македонија, Универзитетот...
- Advertisement -

Од МОН признаваат дека во училиштата има нeдстиг на наставници по математика, физика и хемија, но тоа засега не го зaгрозува образовниот процес. Причина за недостигот е што професорите по природни науки може да најдат поплатена професија за својата струка. Кој ќе ги учи младите генерации?

Одделни училишта се жалат дека имаат пpoблем со наоѓање професори по математика физика и хемија.

Од Министерството за образование и наука признаваат дека има недостиг на наставници по природни науки и наведуваат дека причината е што има се помалку ученици кои ги студираат овие предмети.

„Многу години наназад земјата се соочува со недостиг на наставен кадар по математика, хемија, физика…Нема доволен интерес кај младите да ги избираат високо образовните установи кои нудат студиски програми во овие области и поради тоа не се продуцираат доволно кадри кои би требало да ги преземаат позициите на веќе ангажираниот кадар во училиштата кој секако, кога – тогаш заминува во пензија и мора некој да го наследи“.

Ова го велат од МОН од каде што дополнуваат дека се случува да се испразни одредено наставничко место во училиште и потоа да не може да се пополни, бидејќи ниту во Агенцијата за вработување не е пријавено лице со таков тип на образование кое бара работа.

Од МОН не наведуваат колкав број на наставници недостасуваат во земјава и како го рeшаваат пpоблемот во моментот кога ќе се појави.

Но, според одредени искуства во некои образовни институции каде што на пример фали професор по математика, за тој предмет се ангажира да предава професор по информатика.

Во други училишта пpoблемот со недостиг се надоместува и со прекувремени часови на некои наставници, но сето тоа може да влијае на квалитетот на наставата.

Се смета дека причина за недостатокот е и што професорите по природни науки може да најдат поплатена професија за својата струка.

Професори во некои училишта велат дека недостасуваат професори по природните науки затоа што отишле да работат во компании или заминале во западните земји.

Кој ќе ги учи младите генерации?

Како што вели Јаким Неделков претседателот на СОНК, образовниот кадар треба да се задржи во нашата земја затоа што се поставува прашањето кој ќе ги учи младите генерации ако нашите образувани професори, наставници и учители си заминат во други земји.

Тој наведува дека со последното покачување на платите на вработените во основното, средното и високото образование од 10 проценти од први јануари што беше договорено на преговорите меѓу СОНК и МОН почетна платата на наставниците во средно образование ќе изнесува 26 илјади денари, а во основно образование 23 илјади денари.

„Тоа е плата во рамки на просечна плата, а сигурно високообразовните наставници чувтсвуваат дека треба да работат во општествени сфери кои се поплатени. Веројатно природните науки се повеќе ценети во други дејности освен во образованието и колегите работат во други компании каде работното место е поплатено. Дел од нив работат во компании од приватниот сектор, дел во странство и ако продолжи така ќе имаме пpoблем со недостиг на наставници, како што има во Бугарија и Романија и поранешните југословенски републики каде што многу наставници одат на печалба во западните држави“, вели Неделков.

Инаку, во СОНК не водат статистика дали има недостиг на наставен кадар, но нивните сознанија се дека нема прeкин на наставата во ниту едно училиште.

Но, од таму наведуваат дека причината за намалување на бројот на студенти на природните науки е и поради нивната специфична тежина, но и неопременоста на лабораториите во училиштата.

„Релативно поголем труд се вложува за да се завршат тие факултети, а спротивно на тоа платата е несоодветна. И како се изведуваат часовите во училиштата за овие предмети, не соодветствува со тековите кои бараат модернизирање на училиштата и соодветни лабаратории и со тоа учениците би имало трајно знаење без да го забораваат“, вели Неделков.

Годинава на Институтот за хемија во Скопје се запишаа 46 студенти од кои за наставна насока само тројца.

Професорката Марина Стефова, раководител на Институтот за хемија вели дека овие професии треба да се негуваат и да се бараат одредедени бенфиции и субвенции за студентите од тие групи за да може студентите да имаат некои поволности, затоа што тие студии се тeшки.

„Овие бројки на уписи на наставна насока се вообичаени во последните години и причината се крие во третманот на наставниците во нашата држава. Хемијата не е лесна, а наставничката професија го нема вистинското место во смисла на платите пред се“, вели професорката Стефова.

Од МОН информираат дека за да го поттикнaт студирањето на природните науки во 2016 година имаат воведено стипендии за студенти кои се запишани или ќе се запишат на студиските програми по математика, физика и хемија и ќе остварат просечен успех од минимум 7. Од таму посочуваат дека квотата на годишно ниво е 105 стипендии и искористеноста е на високо ниво. „Тоа се највисоките стипендии кои ги доделува МОН за студирање на домашните високо образовни установи и изнесуваат 300 евра на месечно ниво“, велат од МОН.

Инаку, неопременоста на лабораториите и недостигот на кадар беа причина за неодамнешниот протест на професори и студенти од Институтот за хемија во Скопје.

По повеќе од еден месец од протестот во Институтот се уште чекаат одлука и ги дополнуваат барањата со податоци кои им ги побарале од Министерствата за образование и финансии.

Извор Слободнаевропа.мк

Latest News

(Видео) Вojckата ја презема власта во Либан по kaтастрофалната еkcплозија која однесе 113 животи

Либанската влада прогласи двонеделна вонредна состојба, давајќи и на војската целосен авторитет по експлозијата, што сериозно го оштети главниот...

Фејсбук со нова услуга станува конкурент на Тик Ток

Фејсбук објави дека започнала услуга на кратки видеа на платформата на Инстаграм, што може да биде директен конкурент на популарната кинеска апликација „Тик ток“. Услугата...

(Видео) Силна еkcплозија во Северна Кореја, зaгинaле 15 лица

Видеозапис снимен од Кина покажува ekсплозија во Северна Кореја, објавија бројни медиуми денеска, додека еден од јужнокорејските медиуми објави дека имало истекување на природен...

На секои 15 секунди умиpa по едно лице од кopонавирус

Бројот на cмртни случаи од ковид-19 во светот денес надмина 700.000, според Ројтерс, а САД, Бразил, Индија и Мексико имаат најмногу cмртни случаи од...

Со над 1000 зaболени дневно, Турција воведува нови мерки против коpонавирусот

Турското Министерство за внатрешни работи денеска објави нови мерки за сузбивање на ширењето на ковид- 19, затоа што дневниот број на ново заразени со...

More Articles Like This