ДИВИ ПРАСИЊА ИЗЛЕГОА НА ПАТ: На патот Маврово-Ростуше во националниот парк снимено стадо диви свињи со мали прасиња

  • April 30, 2018

Стадо диви свињи со мали прасиња го преминаа патот Маврово-Ростуше кој поминува низ националниот парк, а културниот возач застана и им даде предност за да поминат. Отпрво помалку исплашени, прасињата се двоумеа, но откако најстарата од дивите свињи тргна, сите следеа.

На социјалните мрежи, граѓаните се пошегуваа со ловџиите на СДСМ, па побараа прасињата побрзо да бидат сокриени за да не ги „намирисале“ ловџиите како градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски.

Претходно «
Следно »