January 22, 2021, 3:37 am

Диего Марадона има потекло од Бaлканот

Поврзано

Бpaвo мajcтоpe: Роналдо cтaнa нajдoбap cтpeлeц вo иcтopиjaтa нa фyдбaлoт

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо синоќа постигна гол против Наполи (2:0) во Суперкупот на Италија. Овој погодок беше 760....

Уште еден пораз за македонската ракометна репрезентација на мундијалот во Египет

Македонската ракометна репрезентација попладнево го забележа третиот пораз на Мундијалот во Египет и прв во Главната фаза. Подобри од...

Меси ќе добие cycпензија од 12 меча?

Правилата на Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) велат дека Лионел Меси може да добие драстична казна од 12 меча суспензија...
- Advertisement -

Помина една недела откако почина Диего Армандо Марадона. Во овој период беа раскажани многу приказни, практично да немаше човек од светот на спортот, а особено од фудбалот да не каже нешто за Диего.

Имаше многу неверојатни приказни, а една од нив е дека најдобриот фудбалер на светот на сите времиња потекнувал од овие простори, т.е. од Балканот.

Приказната вели дека Диего по потекло од мајчина страна потекнува од Хрватска, поточно од островот Корчула. Доколку е вистинска, приканата е следнава:

Неговиот прадедо по мајка се викал Матеј Кариолиќ и роден бил на Корчула, од каде е и Марко Поло. Тој Матеј емигрирал во Аргентина, како и многу други од Балканот, па таму го променил името во Метју Кариоличи.

Неговата ќерка, која ја добил во Аргентина, се викала Салвадора Кариоличи и била во брак со Рамон Франко, а во тој брак родена е мајката на Диего, Далма (така се вика и една од ќерките на Диего). Интрересно е тоа што во тоа време многу девојчиња кои потекнувале од Далмација го добивале името Далма.

Инаку целото име на мајката на Диего е Далма Салвадора Франко.

Навистина интересна приказна, која на прв поглед делува како научна фантастика, но којзнае, можеби е вистинска и големиот Диего навистина има потекло од овој дел од светот.

Latest News

Миленко за Мериот: Who the f()ck are you?

Долго време пред избори мојата стратегија за последните избори беше да победи ВМРО-ДПМНЕ, прво нека победи вели Миленко Неделковски...

More Articles Like This