ДИК ГИ ИЗБРКА МЕДИУМИТЕ: Наместо транспарентност, ДИК ја избрка јавноста и не дозволи да се следи увидот во фалсификуваните ливчиња!

  • October 19, 2017

Државната изборна комисија на денешната седница на која се одлучува за приговорите за изборни нерегуларности во текот на изборниот процес во неделата, одлучи седницата да се затвори за јавноста, да се отстранат медиумите со цел јавноста да не биде запознаена со доказите и фактите околу изборните прекршувања од страна на СДСМ.

Ова е невиден скандал и преседан во работата на ДИК. Само за потсетување за време на минатите избори седниците на ДИК биле пренесувани во живо од страна на телевизиите и интернет порталите.

Јавноста на седниците на ДИК е важен детал, со помош на истата граѓаните непосредно имаат увид во работата на ДИК која директно одлучува за изборниот процес и гласањето.

Во текот на седницата се гледаше како Александар Чичаковски како претседател на ДИК, Виолета Дума и Игор Милев како членови предложени од СДСМ беа видно нервозни и се обидуваа да релативизираат очевидни докази и факти.

Претходно «
Следно »