Димитриевски побара итно да му се врачи пpoтесна нота на бугарскиот амбасадор поради шовинистичките изјави на Каракачанов

Поврзано

(Видео) 3oки пак пpoлyпа: Да беше од Битола ќе го викаа „лапсузо“ или „фројдо“

Зоран Заев продолжува со низата небулози кои ги оплеменуваат неговите пресконференции. Последниот негов лапсус се случи на денешната пресконференција...

Emoтивна пopaка на полицaeц кoj e ocyден за 27-ми: Мнoгy твои poдендени, cинe, пpoпyштив миcлejќи дeкa ја бpaнам дpжaвaтa

Сине мој, Кристијан, денес кога полниш 23 години повторно не сум со тебе како и пред 23 години кога...

(Видeo) Љyпчo и Бyчкo вo мpтвa тpкa кoj e пoгoлeм „Taтap“

Макеоднската јавност врие по изјавите на двајцата екс премиери, Владо Бучковски и Љубчо Георгиевски кога станува збор за спорот...
- Advertisement -

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски реагираше на шовинистичките изјави на бугарскиот министер за одбрана и вицепремиер, Красимир Каракачанов. Тој апелираше до министерството за надворешни работи да реагира за навредливите и понижувачки изјави и веднаш да го повика бугарскиот амбасадор и да му врачи остра протесна нота.

Ваквата изјава е навреда не само за премиерот туку и за целиот Македонски народ и сите наши граѓани, напиша Димитриевски на фејсбук.

Димитриевски побара доколку премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, не се огради од ваквите навредливи изјави на Каракачанов, итно да се стопираат разговорите и преговорите во врска со едностраниот спор.

Срамни и понижувачки се ваквите шовинистички изјави на Каракачанов. Доколку Премиерот на Република Бугарија г-дин Борисов не се огради од ваквите навредливи изјави на неговиот Вице Премиер Каракачанов потребно е да се стопираат разговорите и преговорите во врска со едностраниот спор. Да се изгради сеопшт национален консензус во Македонија по прашањето и да се продолжи понатаму со разумни луѓе од другата страна кои што нема да провоцираат и собираат евтини политички поени туку ќе бараат решение. Ваквата изјава е навреда не само за премиерот туку и за целиот Македонски народ и сите наши граѓани. Очекувам дека и колевката на демократијата и човековите права и слободи Европската Унија и официјално ќе ги осуди ваквите навредливи изјави од страна на бугарските официјални лица. Министерството за надворешни работи веднаш треба да го повика бугарскиот амбасадор и да му врачи остра протесна нота, напиша тој на фејсбук.

Срамни и понижувачки се ваквите шовинистички изјави на Каракачанов. Доколку Премиерот на Република Бугарија г-дин…

Posted by Maksim Dimitrievski on Saturday, November 28, 2020

Latest News

Усвоен здравствениот протокол за спроведување на пописот

На предлог на Комисијата за заразни болести, Владата денеска го усвои Протоколот за превентивни мерки при спроведување на Пописот...

More Articles Like This